Британските фирми за звучници вообичаено се во светскиот врв кога станува збор за употребата на најмодерните иновации и технички решенија. Еднa од поновите иновации е таканаречената BMR (Balanced Mode Radiator) технологија – директен потомок на NXT технологијата, што резултира во мал широкопојасен звучник со рамна мембрана.
Својствата и предностите на BMR звучниците се уникатни и многу пожелни. BMR звучниците покриваат многу широк фреквенциски опсег, типично од 250 Hz до 20 kHz и притоа имаат екстремно широка дисперзија на високите тонови, иако имаат рамна и релативно голема мембрана. Од друга страна, класичните калотни високотонци од 25 mm на 10 kHz веќе покажуваат драматично намалување на дисперзијата, со што највисоките тонови премногу се фокусирани во тесен сноп.
Помалите калотни високотонци од 25 mm се малку подобри во тој поглед, но и тие не можат да се приближат до перформансите на BMR звучниците. Иако приматот на првичната употреба на BMR технологијата во своите звучници го држи британската фирма Naim со скапата Ovator серија на звучници, Cambridge Audio е првата фирма која направи такви звучници со “нормална“ цена. Нивниот модел Aero 2 содржи класичен нискотонски звучник од 6,5 инчи (16,5 cm) и мал BMR широкопојасен звучник со рамна, кружна мембрана со дијаметар од само 46 mm. Навидум скромно, но тоа мало звучниче без никакви проблеми ги репродуцира сите тонови со фреквенции од 250 Hz до 20 kHz. Ваквиот широк опсег гарантира интегрална репродукција на целиот фреквенциски спектар на повеќето извори на звук, со што целиот звучник се приближува кон идеалниот точкест извор на звук.
Сите респектабилни списанија за hi-fi беа преполни со пофалби за звукот на Aero 2, на што и јас би се приклучил. Звукот на Aero 2 би го опишал како многу природен и неутрален во целото среднотонско и високотонско подрачје, со неверојатна смиреност во репродукцијата, особено кај високите тонови – нешто што е вистински мелем на рана за напорните и остри високи тонови карактеристични за голем број на аудио материјал запишан на CD, а присутен и кај поевтините CD плеери. Со Aero 2 можете со часови, без никаков напор, опуштено да се посветите на слушањето музика. Во продолжение се цитатите од светските hi-fi списанија кои го тестирале Cambridge Audio Aero 2.
Hi-Fi World: “Aero 2 е маркантен производ на инжинерингот од Cambridge Audio. Нивниот BMR звучник испорачува широка звучна слика што е недостижна за неговите ривали, особено за таа цена“.
Hi-Fi Choice: “Aero 2 се егзотични мали звучници кои, едноставно, не се направени како останатите нивни ривали – а има и зошто. Тие имаат екстремно отворен и мазен звук“.
Hi-Fi News: “Aero 2 презентираат многу порафинирана, цивилизирана и исполирана изведба отколку што би можело да се претпостави по нивната цена“.
What Hi-Fi? – “Cambridge Audio беа храбри, ја истуркаа оваа сè уште нова технологија во релативно конзервативниот дел од пазарот, и излегоа со производ што е меѓу најдобрите“.
Сите модели од производниот програм на Cambridge Audio можете да ги видите и чуете во продажниот салон на екслузивниот застапник Алфа Аудио во стариот трговски центар Капиштец, локал 12. Контакт телефон (02) 320 9 320 или посетете ја нивната веб-страница www.alfaaudio.com.mk