Конечно, на пазарот кај нас се појавуваат и инкџет печатачи од средна и висока класа со специјализирана намена. Типична примена овие печатачи наоѓаат за изработка на етикети за кафе, вино, вода, пекарски и кондиторски производи, но и месо, сирење и стотици други специјалитети и гурмански производи.
Печатачите на Примера LX1000e и LX2000e се наменети за мали и средни претпријатија коишто изработуваат производи во ограничени серии а имаат потреба од брендирање на нивниот производ со соодветна етикета, но своја примена можат да најдат и кај полупрофесионални корисници коишто чувствуваат потреба да изработат сопствена етикета за бележење на разно-разни дребулии и домашно изработени зимници, напитоци, подароци и квалитетни хоби-производи за тие да го добијат оној “профи” изглед. Овие два печатачи го прават печатењето на етикети достапно за сите, а според производителот, отпечатокот е отпорен на влијанието на светлинското УВ-зрачење, дејството на хемикалии и вода. Боите имаат живост и постојаност што се должи на посебните пигментни мастила, а за богат изглед на дизајнот ќе може да се послужите со употреба на мастила во металик нијанси, како и златна и сребрена боја. LX1000е и LX2000 доаѓаат со одделни кертриџи за секоја од боите, а големите касети за мастило кај LX 2000, за цијан, магента, жолта и црна боја придонесуваат за ниска цена на печатење на етикетата. Имено, пресметките направени при тестовите на овие печатачи даваат позитивни резултати во однос на финалната цена по етикета. Крајниот производ е висококвалитетен траен отпечато чијашто цена на чинење по парче е пониска или иста со онаа којашто би ја добиле при употреба на помалку квалитетни инк-џет уреди со слична намена. Според производителот, брзината на печатење се движи до зашеметувачки 101 мм (4") за LX1000e и 152mm (6") во секунда за LX2000, притоа брзината на печатење нема некое особено влијание на квалитетот на отпечатокот! Имено, како финален производ добивате етикета со професионален изглед. Печатачите имаат драјверска поддршка за Windows 7/10, а имаат и поддршка за професионалните софтвери како Bartedner Ultralite и NiceLabel SE Primera Edition кои овозможуваат дополнително форматирање на дизајнот на етикети, додавање на баркод, QR код итн. Со овие два принтера може да се користати и повеќето популарни програми за графички дизајн за Windows наменети за графички дизајн, како и за печатење на етикети. Етикетите може да се печатат на широк опсег од материјали наменети за инк-џет печатење на етикети, вклучувајќи и оригинални медиуми од производителот Примера, како на пример Primera Poly White Gloss, Primera Clear Gloss Eco и Primera White Matte, кои доаѓаат по достапна цена. Другите карактеристики вклучуваат вграден катерво форма на тркало кај моделот LX2000, прозорец следење на печатењето, етернет и USB 2.0 приклучок, но и опција за безжично поврзување. Со седиште во Плимут, Минесота, САД, Primera Technology, Inc. е еден од водечките светски производители на печатачи за специјални намени. Нејзините производи се продаваат насекаде низ светот преку овластени дистрибутери и дистрибутери на Примера во повеќе од 183 земји. Кај нас печатачите на Примера се достапни во продажната мрежа на НЕОКОМ. Повеќе информации на neocom.com.mk