Рубрика: Електроника
BM1Q00XFJ - интегриран контролер за DC/DC претворувачи
Автор: Горан Џамбазов
Објавено на 05.09.2017 - 14:30

BM1Q001FJ и BM1Q002FJ се интегрирани кола коишто се користат за управување во AC/DC прекинувачките напојувања што работат во квази-резонантен режим. Кај квази-резонантните напојувања, прекинувачкиот транзистор се вклучува и се исклучува кога напонот и струјата на резонантното LC-коло имаат минимална вредност (или нула), што резултира со мали загуби на енергија и мала електромагнетска интерференција. Поради малите загуби на енергија, димензиите на ладилните тела за прекинувачкиот транзистор се мали, а со тоа се намалуваат и димензиите на целото напојување. Главни карактеристики на BM1Q00XFJ се: квази-резонантен режим на работа, вградено стартно коло што може да работи со влезни напони до 650V, коло за мек старт, работа до фреквенција од 120 KHz, заштита од прекумерно оптоварување на излезот, мала потрошувачка на моќност во stand-by итн. Сместено е во куќиште SOP-J8, со димензии од 4,9mm x 3,9mm x 1,65mm, а главната примена му е во адаптери (напојувања), полначи на батерии, напојувачки степени во телевизори и други електронски уреди што се напојуваат директно од мрежен напон. Во Скопје, колото BM1Q001FJ може да се набави во ГАЦ ЕЛЕКТРОНИК (тел. 02/2462-555).

 

комерцијален напис

Клучни зборови: