Оваа недела, на 11 јуни со официјален почеток во 11 часот на паркингот на Макоил во Скопје е закажано првото воопшто Tuning Show во Македонија!
Оваа, прва од овој вид манифестација кај нас со натпреварувачки карактер, ја организира Авто клубот Extreme Power City од Скопје. Регистрациите за учество на шоуто се примаа сè до 5-ти јуни на e-mail адресата на клубот или, пак, со пуштање на приватна порака на фејсбук страницата на EXTREME POWER CITY. Возилата коишто официјално не се пријавени, нема да имаат можност да учествуваат во натпреварувачкиот дел од манифестацијата.
Tuning Show-то со својата програма нуди целодневна забава како за натпреварувачите, така и за посетителите.
Учесниците ќе се натпреваруваат во категориите Styling, во класите Begginer, Street, Extreme, German, JDM и Национална класа, и категоријата DB Drag, во класите Mini, A, B, Pro, MAX и Национална класа.
Целиот настан ќе го движи DJ Mats, а како посебна атракција се најавени групата Andjeli Amsterdama којашто ќе изведува sexy car wash.
За повеќе информации за настанот посетете ја официјалната фејсбук страница на Extreme Power City (тука) и, секако, посетете го првото Tuning Show во Македонија на паркингот на Макоил во подножјето на Sky City кулите во Аеродром.
Се гледаме!