Рубрика: Омнибус
“КАМЕРА 300” БИТОЛА
Автор: Перица Поповски
Објавено на 30.10.2016 - 17:35

Со посебна гордост можам да истакнам дека сум сведок на сите досегашни одржани фестивали, како љубител на документарниот и аматерски филм. И секако посебно бев среќен кога ќе ја здогледав во поштенското сандаче поканата за Фестивалот “Камера 300” 2016. Инаку, мојата љубов кон документарниот филм датира од мојата 15-та година, како член на Секцијата за љубители на документарниот филм во гимназијата “Јосип Броз Тито” – Битола во соработка со видеоклубот “Милтон Манаки” – Битола. Па така и остварив можност да реализирам еден проект како автор на сценарио на документарниот филм “Жед за летање” во соработка со ТВ “Орбис” – Битола, како и многу видеоматеријали снимени и испратени на YouTube.

Оваа година фестивалот се одржа по 24 ти пат во организација на Кино сојузот на Македонија, Кино видеоклубот “Студио Милтон Манаки”, Народна техника – Битола и со голема поддршка на локалната самоуправа а финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија и Градоначалникот на општина Битола.
Советот на Фестивалот беше составен од: Стефан Хаџиантоновски, Стојан Стојановски, Љупчо Петровски, Сузана Елковска, Димитар Спасевски и Јетон Селими, додека Интернационалното жири беше составено од следните членови: Д-р Стефан Сидовски – Македонија, Недељко Деспотовиќ – Србија, Деметриос Павлидес – Грција, проф. Д-р Венелин Грамадски – Бугарија и Професор Д-р Мишо Нетков – Македонија.
Според Правилникот ФАДФ се одржува во Битола на 28. – 29. октомври во Битола според однапред утврдена програма: 5 октомври – прием на филмовите, од 14 – 16 октомври – жирирање на филмска селекција, на 15. октомври – Филмска работилница со тема: “Учителот – носител на филмската култура кај децата од 7 – 15 години и 28. октомври – официјална проекција на филмови, доделување на награди и признанија, во 21,30 – Разговор со членови на жири и автори и наредниот ден со почеток во 11 часот се одржа втората проекција.
На отварањето Стефан Хаџиантоновски член на фестивалскиот Совет одржа пригоден говор потенцирајки ги вредностите и придобивките на аматерскиот непрофесионален филм, во склоп на прославувањето 70 години од раѓање и формирање на организацијата за поттикнување и ширење на техничката култура во градот и пошироко на ниво на Р.М. – Народна техника. Секако во склоп на активноста беше и фото-кино клубот чиј едукатор бил и Милтон Манаки, па не случајно овај Фестивал е посветен токму на него и неговата Камера 300.
После опширниот говор во кои се истакнаа активностите на кино клубот од формирање до денес и осврт на изминатите 24 фестивали се доделија признанија и награди за најдобрите филмски остварувања. Од пристигнатите 43 филма во потесна конкуренција и можност за прикажување во двете фестивалски вечери добија можност 15 филма.
Наградата од УНИКА ја додели Мице Чаповски на Кино видео клубот “Студио Милтон Манаки” а ја прими Стефан Хаџиантоновски.
Потоа уследија награди и признанија на најдобрите филмови:
1. Златна камера 300 му припадна на филмот “АХ”, автор Горан Поповски – Р.Македонија,
2. “Тон”, од авторот Тихо Глонти – Грузија доби Плакета за режија,
3. “Едноракиот” чиј автор е Марио Наумовски – Р. Македонија доби Плакета за идеја,
4. “Омаж за првиот битолски оџак” од авторот Оливера Груевска – Република Македонија освои Специјална плакета,
5. “Езеро Краљевац”, на авторот Милан Живковиќ – Србија, освои Плакета за камера,
6. “Бигорски Манастир – поглед кон вечноста” од авторот: Ема Лазарова освои Златен медал на УНИКА,
7. “Ајвар” на авторот Гоце Трајковски – Р. Македонија, освои аграда за Монтажа, Народна техника-Битола,
8. “ Комињак Фест” на авторот Љупчо Петровски – Р.Македонија освои Брозена медаља, “Камера 300”,
9. “Пробен Брак” на авторот Зорица Петровиќ ја освои најпрестижната награда – GRAND PRIX.
10. “Паметни бразди” на авторот Валентин Иванов - Бугарија, освои “Србрена камера 300”,
11. “Дари и помогни” , на авторот К К “Медарски Конник” , освои награда за подржување на солидарсност,
12. “Наследство на револуцијата” на авторот Џејмс Калмерс – Велика Британија, освои Плакета за Репортажа,
13. “Мистично езеро” на авторот Милан Живковиќ – Србија освои награда за Најдобра камера.
Правејќи резиме од сопственото видување како и од членовите на стручното жиро може да се констатира дека квалитетот е на минатогодишното ниво. Радува фактот што имаше млади наградени автори кои претставуваат иднина на аматерскиот и непрофесионален филм.
Завесата на овај Фестивал се спушти со констатацијата треба многу повеке да се работи на квалитетот и масовноста на полето на аматерскиот (непрофесионален) филм документарен филм. А посебна благодарност до организаторот што ми овозможи максимално внимание да присуствувам на проекциите и на разговор со стручното жири и авторите на наградените филмови.

Клучни зборови: