Рубрика: Информатика
TAG Heuer Connected - Швајцарска прецизност со Интел архитектура
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 11.11.2015 - 19:00

TAG Heuer, Intel Corporation и Google го претставија поврзаниот часовник дизајниран од страна на швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer, развиен со технологија на Интел, а којшто користи сè што Android Wear универзумот има да понуди.

TAG Heuer поврзаниот часовник со микроархитектура од Интел во него беше промовиран на прес-конференција во симболичната LVMH кула. Домаќин на настанот беше Жан-Клод Бивер, извршен директор на TAG Heuer и претседател на дивизијата за часовници на LVMH групацијата, придружуван од Брајан Крзанич, извршен директор на Интел корпорација и Дејвид Синглтон, потпретседател за инжeнеринг во Google.

TAG Heuer Connected Watch со Intel Inside е луксузен часовник кој е производ на 150 години искуство и швајцарска експертиза, умешност и наследство култивирано од страна на TAG Heuer, производител на часовници од La Chaux-de-Fonds, што е лулка на производството на швајцарски часовници и место на UNESCO World Heritage, поставено на 1000 метри надморска височина, во средината на алпските пасишта и планини. Часовникот е опремен со Intel Atom процесор Z34XX и работи на Android Wear платформата. Со пречник од 46 милиметри, дизајнот на TAG Heuer Connected е првенствено оној на вистински хронограф, со куќиште, позадина и изработка од титаниум (2), современ материјал што му овозможува на часовникот да биде полесен и поиздржлив за удари од традиционалните материјали како челик или злато. Надополнет од црно гумено ремче (шест други бои – црвена, сина, бела, портокалова, зелена и жолта – се достапни, посебно во продажба). Цената е одредена на 1500 долари, 1350 евра, 1400 швајцарски франци, 1100 британски фунти.

За прв пат, TAG Heuer развива три дигитални стрелки (познати како watch faces) кои се среќаваат кај препознатливиот дизајн на Carrera колекцијата на TAG Heuer со стрелки, индекс, мерачи, датум и тајмер. Следното ќe биде достапно од датумот за лансирање: хронограф, 3 стрелки и дисплеј за датум достапен во три бои: (црна, сина или бела. Заради тоа што TAG Heuer Connected е часовник пред се, дигиталните стрелки и индекси се видливи во секое време, дури и кога часовникот е во режим на заштеда на енергија. Наскоро, ќе бидат достапни и други позадини кои ќе може да се прилагодуваат од амбасадорите на TAG Heuer преку апликации што ќе се преземаат од Google Play Store. TAG Heuer Connected е вистински часовник, како со својот изглед, така и со позадините што се менуваат, организирани благодарение на уникатниот начин на покажување на апликациите. Принципот е едноставен: Стрелките остануваат, партнерските апликации се покажуваат во трите простори кај 12, 6 и 9 часот, комплетно интегрирани во естетиката на часовникот.

 

Што ако нешто во прегледот навистина ве заинтересира? Со еден допир на прашалникот се отвора во full screen режим. Омилени апликации, спортски информации или аларми... Едноставно се користат и ги прават информациите лесни за читање, овозможувајќи му на корисникот да остане фокусиран на најважното, без нарушување на класичниот изглед на часовникот. Апликациите приспособени за TAG Heuer и достапни на екслузивна база ќе бидат, за почеток, Insiders (животен стил), GolfShot Pro (голф), RaceChrono Pro (мото-трки) и Viewrangers (трејлинг), ќе бидат понудени со бесплатни членства. Специјално развиениот Software Development Kit (SDK) ќе дозволи збогатување.

Како дополнување, TAG Heuer додаде класични функции што претставуваат клучен дел од универзумот на часовници: Тајмер, аларм и штоперица, дизајн верен на кодексот на брендот. Intel ја разви интелигенцијата внатре во часовникот за да се оптимизира ефикасноста и да се овозможат многу опции за поврзување, вклучувајќи аудио стриминг, Bluetooth и Wi-Fi како и додатно овозможување на корисниците да го искористат целиот спектар на производи кои се нудат од страна на Android Wear оперативниот систем. Со 4 GB меморија и батерија која трае цел ден благодарение на најновата генерација литиумски батерии, TAG Heuer Connected е опремен со мал микрофон за да комуницира преку гласовната контрола на Google и преку дисплеј (сафирен кристал) чувствителен на допир. Целиот е направен од материјал отпорен на вода IP67.

Што ако телефонот не е вас? Никаков проблем. Часовникот ќе продолжи да пресметува, прикажува и разменува податоци, се додека сте поврзани на Wi-Fi ќе остане поврзан со клауд. Нормално, стандардните апликации (музика, тајмер, аларм, бројач на чекори) ќе останат активни дури и кога не е достапна конекција. Android Wear го отвора часовникот до скоро бескраен универзум, екосистем што се збогатува деноноќно: илјадници Android апликации се веќе достапни за корисникот на TAG Heuer Connected часовникот да ги преземе. Клучните апликации, во моментов користени од милиони се Google Fit, Google Translate, Google Maps и Google Search со Вашиот глас се веќе достапни на часовникот да прикажат информации. Часовникот може да се синхронизира со телефон што користи Android 4.3+ и iOS 8.2+. Се полни со контактен полнач. Само ставете го часовникот врз него да се наполни.

Часовникот исто така доаѓа со гаранција од две години, како другите TAG Heuer часовници. Конечно секој што ќе купи TAG Heuer Connected часовник ќе ја има можноста да го замени за механички швајцарски часовник. На крајот од гаранцијата од две години, клиентите можат да одат до продавница на TAG Heuer и да го замени TAG Heuer Connected часовникот за механички швајцарски Carrera часовник. Со сличен дизајн, изработен од титаниум (2) овој механички часовник беше ексклузивно развиен и резервиран за корисниците на поврзани часовници.

Цената е одредена на 1500 долари, 1350 евра, 1400 швајцарски франци или 1100 британски фунти.