Интел Корпорацијата ја претстави шестата генерација од семејството Intel Core процесори, најдобрите процесори досега направени од оваа компанија. Лансирањето претставува пресвртница во начинот на ракување со компјутерите. Шестата генерација на Intel Core процесори испорачува зголемени перформанси и нови кориснички искуства со најмала потрошувачка на енергија, како и со поддршка на најразлични дизајни на уреди – од “compute stick”, 2-во-1 уреди, “сè-во-едно” десктоп со висока резолуција, до нови мобилни работни станици.
Повеќе од 600 милиони компјутери кои се употребуваат во светот се стари пет или повеќе години. Тие се бавни, нивните батерии не траат долго и тие не можат да ги искористат предностите на сите нови искуства кои ги имаме на располагање денес. Врз основа на новата микроархитектура Skylake произведена во 14 нанометарски процес на производство на Интел, шестата генерација процесори ќе испорача повеќе од двојно зголемување на перформансите, за три пати ќе го подобри животниот век на батеријата, како и графиката, која е за триесет пати помазна и нуди далеку подобро видеоискуство наспроти просечниот петгодишен компјутер. Тие исто така можат да бидат двојно потенки и полесни, имаат побрз режим на работа и траење на батеријата од речиси цел ден.
“Нашите Intel Core процесори од шестата генерација го донесуваат најважниот напредок кај компјутерите што сме ги виделе до сега,“ - рече Кирк Скауген, потпретседател на Интел и генерален менаџер на Intel Client Computing Group. “Тие овозможуваат врвни искуства како гласовна контрола, отстранување на напорното менаџирање со лозинки и зголемена сигурност. Неверојатно добрата комбинација на шестата генерација на Intel Core процесори, Windows 10 и убавите нови системи од PC производителите, го прават токму ова време најдобро за купување нов компјутер.”
Новата шеста генерација на фамилијата на процесори Intel Core му овозможува на Интел да испорача долг и широк спектар на дизајни скроени за да задоволат сечија потреба. Intel Core m процесорите, коишто нудат двојно подобри перформанси кај водечките таблети, сега ќе ги вклучуваат Intel Core m3, m5 и m7 за да им овозможат на потрошувачите избор прилагоден на нивните специфични потреби. Оваа нова генерација на Интел процесори вклучува и неколку новини кај дизајните на мобилните платформи: мобилен “K” SKU отклучен за да овозможи “оверклокување” со повеќе контрола за корисникот и до 60 проценти подобрен мултитаскинг во споредба со четиријадрениот i5-6300HQ; како и семејството процесори Intel Xeon E3 што сега ги напојува мобилните работни станици коишто вклучуваат Thunderbolt 3. Intel Compute Stick линијата производи ќе се шири со нова верзија напојувана од Интел процесор од шестата генерација. Дополнително, Intel RealSense камерата ќе биде достапна на одредени 6-th Gen Intel Core 2-во-1 уреди и лаптопи, а ќе понуди нови можности за длабочински сензори, како и извонредни можности што ќе им овозможат на луѓето да фотографираат и споделуваат 3D “селфи“, скенирање и вметнување на секојдневни објекти или самите себе во некои од нивните омилени видео игри, како и едноставно затворање или менување на позадината за време на видео повик.
Intel Core процесорите од шестата генерација носат значителни подобрувања кај графичките перформанси за да понудат беспрекорни визуелни искуства за гејминг или содржини во 4К. Тие исто така ја унапредуваат “No Wires” иницијативата на Интел за испорачување на најдобрите искуства за безжичен дисплеј со Intel WiDi или Pro WiDi. Оваа технологија им овозможува на луѓето лесно да споделуваат содржини од својот компјутер до телевизор или монитор без нередот од кабли.
Комбинацијата на Windows 10 со 6th Gen Intel Core процесорската фамилија овозможува нови опции како Cortana и Windows Hello за поприродна и поспонтана интеракција со технологијата. Уредите со Intel RealSense Camera заедно со Windows Hello им дозволуваат на луѓето за сигурност да користат препознавање на лице. True Key технологијата од Intel Security е достапна за да испорача сигурни искуства кај користење на уреди и веб-сајтови без потреба на паметење на секоја лозинка.
Во наредните месеци, Интел планира да испорача повеќе од 48 процесори во шестата генерација Intel Core процесорската фамилија, вклучувајќи ги Intel Iris и Iris Pro графичките процесори, како и процесорското семејство Intel Xeon E3-1500M наменето за мобилните работни станици и шестата генерација Intel vPro процесори наменети за бизнис-корисниците и компаниите. Како дополнување, Интел нуди преку 25 производи за IoT со 7-годишна набавка и Error Correcting Code (ECC) на повеќе TDP нивоа. Продавачите, медицината, индустријата, дигиталната безбедност ќе имаат бенефит од новите 6th Gen Intel Core процесорски подобрувања и ќе створат нови IoT дизајни од “еџ“ до “клауд“.