Овогодишниот форум на развојни инженери на Интел IDF 2015, календарски е порано од претходните и започнува утре. И оваа година, ЕМИТЕР овој пат преку нашиот дописник Марјан Ташевски, ќе ја има можноста директно од местото на настанот да известува за случувањата на оваа престижна манифестација. Имено, благодарение на нашите деловни соработници, “Примарк комуникации”, официјалната PR-агенција на Интел за Mакедонија, ЕМИТЕР ексклузивно ќе земе учество во овогодишната конференција, којашто се одржува од 18 до 20 август во Сан Франциско (САД) и од местото на настанот ќе ги информира своите читатели за многуте случувања што го одбележуваат тековниот ден.
Годинешниот форум во фокус го става растечкиот екосистем од развојни инженери, создавачи и гејмери, кои ја редефинираат компјутерската технологија. Од технологијата што може да се облекува и роботиката па сè до интелигентните IoT системи, Интел создаде искуство коешто со сигурност ја инспирира развојната заедница.
Како и секогаш, на ИДФ 2015 ќе учествуваат програмери, техничари и развојни инженери коишто создаваат производи, проектираат системи, рендерираат филмови и ги погонуваат играчките што го испорачуваат неверојатни доживувања. Да потсетиме ИДФ, е местото кадешто Intel ја споделува својата визија за технолошката иднина, како и најновите иновации со цел за поттикнување нови идеи, соработка и разговор со своите партнери.
ИДФ 2015 го отвора Брајан Крзанич со своето воведно излагање коешто ќе се фокусира на развојот на технологијата и зголемувањето на персонализацијата на компјутерите. Повторно се враќаат и т.н. мега-сесии, коишто под мотото “Изработено од тебе” ќе опфатат повеќе клучни теми од безбедноста, па сè до игрите и податочните решенија презентирани од главните “играчи” во Интел, но и визиите за непосредната технолошка иднина.
Во текот на тридневниот настан, оваа година на ИДФ Интел предвидува над 5000 посетители , коишто ќе следат повеќе од 160 технички сесии од експерти од индустријата и од Intel, а кои ќе имаат можност да видат и добар дел нови, иновативни прозводи од 180 водечки технолошки компании.
За да бидете во тек со новостите и настаните во Сан Франциско следете ги дневните извештаи на нашиот дописник на веб-сајтот на ЕМИТЕР, а поопширен и подетален извештај очекувајте во следниот број на ЕМИТЕР.