Комплетна теорија и пракса. Книга + ЦД + 8 печатени табаци со сервисни шеми и упатства за поправка на преку 150 модели современи ТВ-приемници. Книга-прирачник за сите сегашни и идни ТВ-сервисери.
Книгата "ТВ-техника и нејзино сервисирање" од Наташа Божиновска и Зоран Тасиќ е книга-прирачник за сите сегашни и идни ТВ-сервисери. Материјата е поделена во 6 глави: Основни поими за светлината, Создавање на видеосигнал, ТВ-приемник, HDTV, Микропроцесорски приемник и Сервисирање на ТВ-приемници. Принципот на работа на ТВ-приемникот е објаснет детално, со многу графици, блок-шеми и електрични шеми на сите степени. Сервисирањето на ТВ-приемниците е обработено постапно: од организација на работното место, заштитните мерки, потребните алати и инструменти и основните сервисни постапки, па сè до совети за поправка и нагодување на неколку современи модели. Накусо кажано: комплетна теорија и пракса. Книгата како додаток има 8 посебни Б3 табаци со сервисни шеми и ЦД со сервисни шеми и упатства од преку 150 модели на современи ТВ-приемници.
Предговор
1. Основни поими за светлината
1.1. Окото како приемник на светлината
1.2. Колориметрија
1.3. Адитивно и суптрактивно мешање на боите
2. Создавање на видеосигнал
2.1. Елементи на сликата и принцип на преносот
2.2. Анализа на сликата
2.3. Уреди за анализа на сликата
2.4. Разложување на сликата
2.5. Синхронизација
2.6. Видеосигнал
2.7. Квадратурна модулација
2.8. Системи за пренесување на бојата
2.9. Распределба и емитување на телевизиските канали
3. Телевизиски приемник
3.1. Тјунер - бирач на канали
3.2. Мф-засилувач
3.3. Автоматска регулација на фреквенцијата (AFC)
3.4. Луминентен канал
3.5. Линија на хроминентните сигнали
3.6. PAL-степен
3.7. Синхрона демодулација и матрицирање
3.8. Излезни RGB-засилувачи
3.9. Автоматска регулација на засилувањето
3.10. Автоматски поништувач на боја и автоматска регулација на засилувањето на бојата
3.11. Берст канал
3.12. Тонски дел
3.13. Синхронизација
3.14. Вертикална временска база
3.15. Хоризонтална временска база
3.16. Кинескоп
3.17. Мрежен дел
3.18. Барање и бирање ТВ-канали
4. HDTV - Телевизија со висока дефиниција
5. Микропроцесорски контролиран ТВ-приемник
5.1. Дигитализиран тв-приемник
5.2. Микропроцесорски тв-приемник Edison Continental
6. Сервисирање на ТВ-приемници
6.1. Организација на работно место
6.2. Заштитни мерки
6.3. Основни принципи на лоцирање и отстранување на дефектите
6.4. Сервисни совети
Список на користена литература
Список на сервисни шеми во прилог на книгата
Список на сервисни документации на CD-то во прилог на книгата
На оваа страница е даден преглед на нашите книги и брошури со сите потребни информации, а купувањето е овозможено преку нашата е-продавница (www.emiter.mk) во менито “Книги и брошури“ (https://emiter.mk/Content.aspx?idMenu=6). Книгите и брошурите се претставени со слика од насловната страница и краток опис за тоа кои теми се разработени во неа, а потоа следи и детален преглед на содржината. Следете ги упатствата за купување и нарачаните книги и брошури ќе ги добиете во најкраток временски рок. Читателите од Скопје нашите книги и брошури можат да ги набават и директно во продавницата “ГАЦ електроника“ (бул. К.Ј. Питу 28а/3 - ТЦ Скопјанка).