Здраво ЕМИТЕР,
Ви се јавувам повторно, овој пат со еден мал напис за изработка на ППК. Се надевам дека ќе го објавите и дека нема да биде прв и последен.
Ме интересираат радио-комуникациите, па се интересирам дали ЕМИТЕР може да објави дигитален примопредавател за кратки и средни бранови (SSB мод), кои што ги користат радио аматерите и дали ќе може да се поврзе со компјутер.
Александар Тефов, Кавадарци
Како што сигурно забележавте Вашиот напис веќе се најде на страниците на ЕМИТЕР, па се надевам дека и во иднина ќе соработуваме.
Во овој момент не би можел да кажам кога ќе објавиме напис за SSB примопредавател, но во секој случај ќе се потрудиме и оваа желба да ја реализираме.
Слободан Таневски