Голем поздрав до Редакцијата и честитки за неверојатно корисната серија за сервисирање на аудиоуреди.
Одамна го имам направено лампашкиот бафер-засилувач XX-D со лампа ECC-82 и многу сум задоволен од добиениот звук. Имам неколку лампи ECC-83 па би сакал да ги употребам и нив. Еден пријател ми кажа дека може да ги употребам во истиот уред но со промена на местата на отпорниците и кондензаторите. Дали е тоа возможно?
Кенан Сакипи од Скопје

Вашиот пријател е во голема заблуда – местата на отпорниците и кондензаторите НЕ СМЕАТ да се променат! Ако се користи друг тип на лампа, тогаш треба само да се променат ВРЕДНОСТИТЕ на отпорниците! Ве упатувам да ги прочитате написите "Електронски цевки и нивна примена" во ЕМИТЕР 12/98 и 1/99.
Вашите лампи ECC 83 сепак не ќе можете да ги искористите во бафер засилувачот XX-D, бидејќи лампата ECC 83 има многу висока внатрешна отпорност дава мала струја и потребен £ е многу повисок напон. Лампата ECC 83 е конструирана да има добри карактеристики за во аноден напонски засилувач, а не за катоден бафер засилувач.
Владимир Филевски