Рубрика: Физика
Чашата полна со вода е 99,99...% празна!
Автор: Петар Лагудин
Објавено на 30.06.2015 - 11:45

Сите ја знаеме приказната за песимистот и оптимистот. Едниот кога ја гледа чашата со вода вели дека таа е полупразна а другиот дека таа е полуполна. Па, се чини дека песимистите се сепак во право... барем до некаде.

Молекулите на водата се составени од извонредно ситни честички меѓусебно одвоени со голема... празнина! Така ефективниот дијаметар на една молекула на водата изнесува 0,3 милијардитинки од метар. Таа молекула е составена од 2 атоми на водород со вкупно 2 протона, 2 неутрона и два електрона и еден атом на кислород со вкупно 8 протони, 8 неутрони и 8 електрони.

Димензиите на електроните се занемарливи, а што се однесува до протоните и неутроните, нивниот дијаметар изнесува една милијардитинка од милијардитинка на метар. Ако вкупниот волумен кој го зафаќаат сите тие честички се спореди со волуменот на молекулата, пресметката покажува дека секоја една молекула на водата е 99,99...% празна!

Според тоа и една чаша полна со вода е исто така 99,99...% празна, но таа не може да прими повеќе молекули, па затоа е “квази полна” 100%.

Клучни зборови: