Рубрика: Информатика
Дојче Телеком ги бара најдобрите IoT решенија за бизнис
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 20.04.2015 - 17:39

• Групацијата Дојче Телеком, чиј член е Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, го најавува интернационалниот натпревар “Business Wall of Fame“ во кој може да се пријави секое М2М бизнис решение.
• Учесниците имааат шанса да добијат национална маркетинг кампања вредна 30 000 евра и да станат партнери на Македонски Телеком.
• Дополнително, најдоброто IoT решение на меѓународно ниво ќе биде промовирано од Дојче Телеком во своите национални компании низ Европа.

Македонски Телеком, како член на групацијата Дојче Телеком, во Македонија за првпат го носи интернационалниот натпревар “Business Wall of Fame“, којшто се однесува на решенија од областа на “Интернет на нештата“ (IoT). На натпреварот можат да учествуваат сите развојни инженери кои имаат готови М2М решенија, односно, решенија за поврзани машини, коишто вклучуваат хардвер, софтвер и поврзување, а се применливи за други компании како крајни корисници.
Со цел да се наградат иновативните IoT решенија наменети за бизнис корисниците, Дојче Телеком, освен во Македонија, го започнува интернационалниот натпревар Business Wall of Fame и во Австрија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија и Словачка. Оваа меѓународна иницијатива ќе го направи деловниот живот поефикасен бидејќи во својот фокус ги става компаниите кои имаат готови М2М решенија коишто одговараат на бараните предиспозиции. Натпреварот е наменет за сите компании што до сега немале можност, а сакале да ги промовираат своите IoT решенија и да ги направат достапни за широката јавност. Иновативни решенија од сите индустрии, коишто ја поедноставуваат работата на бизнис корисниците, се добредојдени на натпреварот.
Најдобрите IoT решенија ќе влезат во финалето според бројот на добиени гласови од гласачи и поддржувачи на нивните решенија, по што стручно жири ќе ги избере победниците од националниот и од меѓународниот натпревар.
“Посветеноста на Дојче Телеком да биде пионер во примената на нови и подобрени, услуги и решенија коишто носат нов квалитет во поширока смисла на зборот ја демонстрираме овој пат и во Македонија преку меѓународниот натпревар “Business Wall of Fame“, на кој очекуваме да се пријават сите компании кои развиваат М2М решенија во доменот “Интернет на нештата“. Не се сомневам дека во Македонија има многу конкурентни ИТ компании кои имаат голем потенцијал и во нив се вперени нашите очи. Со нетрпение го очекуваме откривањето на новите М2М решенија коишто понатаму ќе поттикнуваат повеќе иновации“, истакна Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на Македонски Телеком.
Македонската компанија чиешто IoT решение ќе биде прогласено за најдобро ќе освои национална маркетинг кампања во вредност од 30 000 евра и има можност да стане партнер на Македонски Телеком. Додека пак меѓународното решение коешто ќе победи, може да стане партнер на Дојче Телеком во сите осум земји и да допре до потенцијални 10,8 милиони бизнис корисници.
“Нашата определба е да бидеме силни поддржувачи на иновациите и новата технологија и со многу активности го потврдуваме тоа. Секогаш настојуваме да бидеме онаму каде што се создава новата технологија. Овој натпревар има за цел да ги награди и стави на пиедестал најдобрите иновативни М2М решенија, кои ќе ја поедностават работата на компаниите и ќе обезбедат развој на човештвото. Ги повикуваме сите развојни инженери и програмери кои имаат готови решенија да се пријават на натпреварот. Се надеваме дека со најдобрите ќе изградиме партнерски однос којшто ќе донесе нови вредности и нов квалитет“, изјави Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Учесниците можат да го зголемат бројот на гласовите и шансите за победа со активирање на заедницата да гласа за нив.
Исто така, и гласањето може да се исплати. Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натпреварот за да гласаат доколку се регистрираат и како поддржувачи на IoT решенијата коишто се нивен фаворит имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20 000 евра заедно со победничкото IoT решение.

Категории и награди од натпреварот “Business Wall of Fame“:
Национален победник: Најдобро IoT бизнис решение
- Рекламна камања вредна 30 000 евра, организирана заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија како партнер
Национален победник: Најдобар поддржувач на национално IoT решение
- Рекламна камања вредна 20 000 евра, организирана заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија како партнер
Специјална награда: Најдобро интернационално IoT бизнис решение
- Партнерството со Дојче Телеком во осум земји и можност за поврзување со потенцијалните 10,8 милиони бизнис корисници, како и меѓународна промоција во вредност од 10 000 евра

Распоред на настаните:
• Аплицирање за учество на компаниите: 20 април - 25 мај 2015
• Гласање на бизнис корисниците: 11 мај - 22 јуни 2015
• Објава на победници: 7 јули 2015
Регистрирајте се тука
Повеќе информации околу натпреварот, учеството, гласањето и условите тука

Македонски Телеком АД - Скопје
и Т-Мобиле Македонија

Клучни зборови: