Рубрика: Енергетика
Конференција посветена на новите разладни технологии
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 14.04.2015 - 17:19

Ладење (International Institut of Refrigeration – Paris), по 6-ти пат ќе организира Меѓународна конференција за ладилна техника, вклучително и топлински пумпи, со природни ладилни флуиди амонијак и СО2. Конференцијата ќе се одржи во Охрид, во периодот од 16 до 18 април оваа година.
Темите во програмата се многу актуелни: дизајнот на современи амонијачни и нови СО2 системи и технолошки иновации, подобрување на енергетската ефикасност, разни апликации, технички упатства и прописи за безбедност. Пораката е јасна: со користење на повеќе амонијак и CO2 разладувачи, се применуваат еколошки технологии.
Во областа на ладењето и климатизацијата се случуваат големи промени поради проблемите со глобалното затоплување (климатски промени) и штетното дејство врз озонската обвивка. Интензивно се работи на усовршување на постоечките и развој на нови технологии со посебен акцент на енергетската ефикасност.
На оваа конференција ќе бидат презентирани трудови од најновите истражувања и примени во праксата. Тоа е голема прилика да се согледаат можностите за трансфер на технологии во областа на ладење и климатизација.
Финалната програма со списокот на трудови коишто ќе бидат презентирани на конференцијата може да го најдете на www.mf.edu.mk, каде може да најдете и други детални информации
Претходните пет конференции беа многу успешни, па со нетрпение ја очекуваме 6. Конференција за амонијак и CO2 ладење технологии, којашто е рангирана високо во меѓународни рамки.