Извршниот директор на Интел корпорацијата, Брајан Крзанич, нa Светскиoот мобилен конгрес којшто се одржува во Барселона, Шпанија, ја претстави новата серија мобилни платформи од Интел. Серијата ги вклучува компанискиот low-cost систем на чип (SoC) за телефони, фаблети и таблети, LTE решение, иновативно персонално компјутерско искуство, како и потрошувачи за мобилни уреди и понуди за мрежни инфраструктури.
Претставувањето ги вклучува Intel Atom x3 сериите на процесори, како и напредното решение Intel XMM 7360 LTE. Како надополнување, Крзанич ги истакна заедничкте напори со Alcatel-Lucent, Ericsson и Huawei да одговорат на побарувачката за нови телекомуникации, сервисите за облак и податочни центри, подобрување на ефикасноста на мрежите, како и забрзување на индустријата кон софтверски дефинирана инфраструктура.
Крзанич дополни дека корисниците на Samsung Galaxy S6 и S6 Edge ќе можат да го користат најновото anti-malware решение од McAfee VirusScan Mobile технологијата која ќе биде вградена и активирана во овие уреди.
Intel Atom x3 серијата на процесори, порано позната под шифрата SoFIA, претставува прва интегрирана комуникациска платформа од Интел наменета за почетните и буџет таблети, фаблети и смартфони. Во комбинацијата со 64-битен повеќејадрен Intel Atom процесор и 3G or 4G LTE, интегрираниот комуникациски SoC станува истовремено процесор за апликации, процесор за слики, графика, аудио, поврзување и менаџмент на потрошувачка на енергија во еден системски чипсет. Оваа интеграција им дозволува на производителите на уреди да испорачаат таблети со сите можности, фаблети и смартфони со достапни цени во буџет категориите.
Интел ги донесува бенефитите од интегрирана Интел архитектура и безжични комуникации до потрошувачите, вклучувајќи го технолошкиот екосистем во Кина. Дваесет компании, вклучувајќи ги ASUS и Jolla, се обврзаа да испорачаат производи со Intel Atom x3.
Заокружувајќи го мобилното портфолио што се простира од почетните сегменти до оние со големи побарувања, Интел го претстави првиот 14nm Intel Atom SoC, од процесорските серии Intel Atom x5 и x7 (порано познат под шифрата Cherry Trail). Решението е наменето за таблети од следната генерација како и 2 во 1 уреди со мали дисплеи. Нудејќи 64-битна поддршка за Windows и Android, Intel Gen 8 графика, ккао и опција за следна генерација LTE Advanced поврзување, Intel Atom x5 и x7 процесорите ќе придвижуваат сè, од мејнстрим до премиум уреди. Овие производи не содржат минерали коишто се добиени со финансирање на кршењето на човековите права во Д.Р. Конго (калај, тантал, волфрам и/или злато од овој регион).
Клиентите, вклучувајќи ги Acer, ASUS, Dell, HP, Lenovo и Toshiba, се обврзаа да ги испорачаат уредите на оваа платформа. Првите уреди на пазарот се очекува да бидат во првата половина од оваа година.
Интел исто така ја претстави третата генерација на модемот LTE Advanced Category 10. Intel XMM 7360 поддржува 3x провајдерска агрегација и брзини на симнување податоци до 450 Mbps. Неговата компактна големина и ефикасност во потрошувачката на енергија овозможува Intel XMM 7360 да биде дел од повеќе различни фактори на форма, од смартфони и фаблети до таблети и персонални компјутери. На светскиот мобилен конгрес, компанијата дополнително демонстрираше пред-5 G концепт LTE со 802.11ad што ќе обезбеди брзина од повеќе од = 1 Gbps користејќи само технологија на Интел.
Со хардверски и софтверски продукти како Intel RealSense технологијата за длабочина, безжнично полнење и True Key технологијата на Intel Security, помеѓу другите, Интел продолжува да обезбедува нови искуства што ќе обезбедат поприродни, интуитивни искуства од интеракцијата на луѓето со технологијата. Градејќи на успехот на најтенкиот таблет на светот, Dell Venue 8, Крзанич покажа мал дел од Dell Venue 10 таблетот со тастатура која се отстранува и Intel RealSense технологија. Насочен кон секојдневниот корисник и бизнис корисниците, таблетот се очекува да пристигне наскоро на пазарот.
Како дополнување на работата со Самсунг за безбедност на Galaxy S6 и S6 Edge уредите, Крзанич кажа дека Intel Security соработува и со LG Electronics за да помогне во безбедноста на персоналните информации. LG Electronics ќе го направи McAfee Mobile Security од Intel Security достапен на LG Watch Urbane LTE, обезбедувајќи anti-theft можности кои му дозволуваат на сопственикот да го заклучи, лоцира или избрише уредот по потреба. Корисниците на LG Android уреди веќе се заштитени со McAfee Mobile Security на нивните уреди.
Крзанич објави нови клиенти вклучувајќи ги Brightstar Corp., Deutsche Telekom и Prestigio за True Key технологијата, крос-платформска апликација насочена кон болната точка на лозинките како користење на препознавање на лице или отисок за полесно и побезбедно работење. Deutsche Telekom ќе го инсталира True Key продуктот за своите потрошувачи во Европа. Prestigio ќе биде оден од првите произведувачи на мобилни уреди што ќе ја лансира True Key апликацијата во Русија и долж Европа, правејќи ја оваа апликација достапна низ сите свои Android таблети и смартфони до крајот на оваа година.
Крзанич истакна како Интел работи заедно со лидерите од индустријата за да се трансформира мрежната инфраструктура со стандардизиран хардвер и софтвер, помагајќи да се забрза чекорот на целата индустрија кон пофлексибилна, агилна софтверски дефинирана инфраструктура. Ова им овозможува на телефонските компании и клауд провајдерите да ја подобрат ефикасноста на мрежите и да ја забрзаат испораката на нови услуги и можности за потрошувачите и бизнисите.
Alcatel-Lucent го претстави мрежното виртуелно радио (vRAN), составено од виртуелна врска преку Intel Xeon процесори за да обезбеди заштеда на пари и поголеми перформанси. vRAN ќе биде во тест фаза оваа година и ќе почне да се продава во 2016.
Ericsson објави нова генерација на дата центри за Ericsson Cloud System што овозможува на телеком и клауд провајдерите да го намалат трошокот на користење и да добијат флексибилност и ефикасност од своите дата центри. Компанијата Intel Rack Scale архитектура, заедно со софтвер за менаџмент и оркестрација за да оптимизира клауд ресурси преку приватни, јавни, компаниски и telco клауд домејни, овозможувајќи подобра услуга. Ericsson исто така изјави дека работи со Intel Security на мрежно обезбедување за 4G мрежи.
Huawei и Intel соработуваат за да обезбедат големи клауд решенија што ќе им овозможат на телекомуникациските провајдери да ги трансформираат своите податочни центри. Компаниите ќе ја развијат новата генерација на Huawei FusionSphere базирана на Интел архитектура и ќе ги користи Data Plane Development Kit и Open vSwitch да зголеми виртуелизациските перформанси на FusionSphere. Овие решенија целат на подобрување на перформансите што се оптимизирани да минимизираат TCO за клауд податоци, мерливо и сигурно.
За дополнителни детали околу присуството на Интел на светскиот мобилен конгрес 2015 и за да видите реприза на конференција за медиуми, посетете ја Intel newsroom.