14. меѓународното биенеале на фотографска уметност - Фотомедиа 2014 (Photomedia 2014) ќе биде свечено отворено на 12. ноември во 20 часот во галеријата “Чифте Амам”. Традиционално, за денот на градот Скопје, наградата Гран при која ја доделува покровителот - Град Скопје, ќе му биде доделена на Аугунас Ромуладас од Литванија.
“Иако е сè помал бројот на општествено одговорни компании, односно сите се брутално незаинтересирани за поддршка на врвни настани од културата, неколку Македонски компании покажаа доблест и ја поддржаа оваа Фотомедиа, како и министерството за култура и Градот Скопје” Соопштија од Фото Клубот Елема, оснивач и организатор на “Фотомедиа”.
Како куриозитет на оваа “Фотомедиа” на изложбата ќе биде пуштана софтверски генерирана музика со имињата на сите автори кои испратиле свои дела на изложбата, имињата на нивните дела и имињата на сите вклучени во организацијата на изложбата.
Изложбата ќе ја отвори академскиот сликар Сергеј Андреевски и ќе биде отворена за посетители од 12 до 16 Ноември. Повелете!