Алцхајмеровата болест е најчест облик на деменција (заборавност) во целиот свет. Од сите форми на деменција, на оваа болест и припаѓаат помеѓу 50 и 80 % од сите случаи.
Истражувачите се надеваат дека ќе пронајдат лек за Алцхајмеровата болест, која не е смртоноста, но го прави животот тежок и недостоинствен, особено поради тоа што во последно време болеста се појавува кај сè помлади генерации. Една од причините што оваа болест ја зафаќа и помладата популација е и таа што младите луѓе сè помалку го користат мозокот бидејќи сè што треба да запаметат го имаат во компјутерот, лаптопот, мобилниот... Лек се бара, но секогаш превенцијата е подобар пристап. Постојат неколку едноставни работи коишто можете да ги направите за да го задржите умот бистар. Еве некои од нив:
• Пијте сок од јаболка – Оваа навика го зголемува производството на хемиски соединенија во мозокот коишто делуваат позитивно врз учењето, меморијата, расположението и врз подвижноста на мускулите и друго.
• Додајте цимет во вашата исхрана или во пијалаците – Долготрајната употреба на овој зачин (лажичка на ден) го блокира производството на протеини во мозокот кои доведуваат до губење на меморијата и до појава на Алцхајмерова болест.
• Пијте кафе – Тоа дејствува како антивоспалителна супстанција која може да ја блокира акумулацијата на холестерол во мозокот. Една обемна студија покажала дека мажите и жените кои пијат 3-5 чаши кафе дневно ги намалуваат шансите за развој на деменцијата за 65%.
• Дружете се повеќе – Истражувањата покажуваат дека социјалниот живот може да ги подобри когнитивните способности, затоа скратете го времето што го поминувате пред компјутер и дружете се!
• Заштитете го видот – Очите се добар показател за тоа колку мозокот добро функционира. Ако го сочувате видот добар, можете да го смалите ризикот од деменција за 63%.
• Медитирајте – Тоа ќе го намали нивото на стрес во организмот, а ќе го зголеми протокот на крвта во мозокот. Научниците веруваат дека длабокото размислување за духовни работи помага во одржување на менталната перцепција.
• Медитеранска исхрана – Исхраната богата со зеленчук, риба, овошје, јаткасти плодови и умерено количество црвено вино може да го преполови ризикот од губење на меморијата и концентрацијата.