Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија објавија повик за Cloud партнерства. Партнерската програма се однесува на постојните, но и потенцијални партнери кои имаат сопствени софтверски решенија или, пак, компании кои веќе нудат производи и услуги. Ваков тип на програма се објавува за прв пат во Македонија, а целта е на корисниците да им се понудат целосни (end to end) решенија преку партнерства со други компании.
“Истражувањата на Телеком пазарот покажуваат дека до 2015 година, една третина од глобалниот пренос на податоци во светот ќе биде преку Cloud. Тие податоци јасно зборуваат дека веќе влегуваме во едно “поврзано општество“ каде што има сè поголема потреба за вакви услуги. Преку оваа програма, ја нудиме нашата врвна технолошка инфраструктура, долгогодишното искуство и продажна мрежа, а истовремено бараме иновативни идеи за заеднички пласман на пазарот. Сè со цел, корисниците да го добијат најдоброто“ – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Повикот се однесува на мали, средни и големи компании кои се занимаваат со понуда на ИТ услуги или апликативни решенија и тоа за три вида на партнерства:
• SaaS (Software as servis) партнерства – каде парнерите заедно со Македонски Телеком развиваат нови услуги за деловните корисници;
• Индиректни продажни партнери, на кои им се нуди соработка за заедничка продажба на постоечките Cloud услуги на Македонски Телеком;
• “Powered by Telekom Cloud” партнери, кои за своите апликациски решенија ја користат инфраструктурата на Македонски Телеком.
“И покрај супериорноста која ја имаме како компанија, понекогаш е потребно да се потпреме на вештините и иновативноста на другите компании. Ова е и одлична можност партнер компаниите да добијат доверлив партнер, да го прошират своето портфолио на услуги, да добијат нови извори на приходи и сето тоа да придонесе за зголемена доверба и задоволство на корисниците што е и нашата крајна цел“ – изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, директор за развој на ИКТ услуги и решенија.
Сите детали за аплицирање за партнерство се објавени на http://business.telekom.mk/