Во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија во рамките на саемската манифестација ТЕХНОМА 2014 по 35-ти пат се одржува изложбата на пронајдоци нови технологии, нови производи, технички унапредувања, иновации, индустриски дизајн, трговски марки и млaдинско креативно творештво МАКИНОВА 2014, a по 12-ти пат изложбата на иновации, патенти и идеи за подобрување на животната средина ЕКОНОВА 2014.
На годинешната изложбата македонските иноватори ќе се престават со 76 иновативни решенија од различни области и во разни форми од идеи-патенти до готови производи и иноваци. Посетителите на изложбите ќе имаат можност да видат оригинални решенија на нови технологии за прочистување на водите, нова технологија за рафинирање на платина, ќе имаат можност да се запознаат со инкубаторот за вештачко оплодување, со громобранскиот фаќач, со водороден мотор,со нови градежни материјали и методи на градба, со нови направи за подобро искористување на енергијата и ќе имаат можност да видат оригинални креативни решенија на младите од типот на разни автоматски уреди за подобрување на одредени процеси како што е автоматскиот стакленик, самостојната копир машина, разни лего-роботи со конкретни практичноупотребливи решенија, иновативен софтвер за командување на уредите во објектите за домување, роботски раце со разни задачи како што е и роботот келнер-шанкер, потврдени иновативни лекарства од алтернативната медицина и постапки за производство на здрава храна, а ќе имаат можност да видат и дизајн на повеќе возила и уреди.
На изложбата ќе бидат преставени и 20 иновативни решенија од автори на асоцијациите на пронаоѓачи од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Бугарија. Во рамките на изложбата од 14 до 18 октомври ќе бидат организирани повеќе работилници со едукативен и информативен карактер за начините за заштита на идустриска сопственост, но и за можноста за финасирање на пронајдоците и иновациите на македонските иноватори од домашни фондови, но и за можностите за аплицирање на проекти во меѓнародните фондови кои ги стимулираат иноваторите во Македонија.