Без разлика дали станува збор за танцување, фотографија, волонтерска работа или за некоја спортска активност, хобито го намалува нивото на стрес, ни дава енергија и нè поттикнува на зближување со другите.
Со танцот стануваме флексибилни. Танцувањето ја подобрува самодовербата, а освен што полесно и подобро ќе се движите, ќе го поправи и вашето држење, и телото ќе ви стане флексибилно. Со само 30 минути танцување, трипати во неделата, се намалува ризикот од срцеви болести, додека во двојка, влијае како брачна терапија и ги буди страстите.
Фотографирањето најмногу релаксира. Станува збор за хоби кое со малку труд, лесно може да стане работа и професија. Фотографирањето на природата и животните релаксира најмногу од сè. Со напредокот на технологијата, не ви е потребно студио, туку постојат бројни компјутерски програми за обработка на фотографиите.
Работата и моделирањето дрва е идеално хоби за многу мажи, но можат да го практикуваат и жени. Почнете со нешто едноставно, како куќарка за птици, а потоа можете да преминете на сложено. Со ова хоби ќе ја подобрите концентрацијата и креативноста.
Градинарството е малку запоставено хоби во последно време. Се смета за женско хоби, но тоа не е точно. Засадете цвеќе, малку зачини и зеленчук, и вашата авантура може да почне.
Љубовта кон храната не може да се опише со зборови, туку само со вкус и мирис. Готвењето е хоби кое исполнува и релаксира, а не ви е потребно никакво предзнаење. Во оваа активност ќе уживаат и другите околу вас, а не само вие.
Лековитото дејство на музиката е толку познато, што во неколку медицински установи се спроведува терапија со музика. Оваа терапија го намалува интензитетот на болката и смирува. Никогаш не е доцна за да почнете да свирите некој инструмент.
За планинарењето, потребна ви е само топла облека, добри обувки и желба. Престојот во природа, прошетката низ прекрасни краеви и физичката активност се некои од предностите на планинарењето. На крајот на секое патување ве чека награда – прекрасен поглед на патот што сте го поминале.
Не постои ништо подобро од чувството што се добива со помагање на другите. Бројни студии покажале дека хуманитарните дела и алтруизмот придонесуваат за најголемо задоволство. Се чувствувате како најголеми членови на заедницата, ја подобрува емпатијата и ве зближува со другите.