Верувале или не, дури и за ова има ден во годината - денес е официјалниот Светски ден на НЛО! Денот е избран бидејќи токму на овој ден се “случило” наводното уривање на НЛО во пустината во Њу Мексико, познато како "Инцидентот Розвел". Целта на одбележување на денот на НЛО е подигање на свеста за “очебијното постоење на неидентификувани летечки објекти”, како и да се охрабрат владите да го тргнат превезот на тајна од документите коишто се однесуваат на забележување НЛО и нив да ги стават на увид на јавноста.
Е, сега кога знаете што ден е, прашањето гласи: Како тој се одбележува?
Хммм... Па, постојат повеќе начини.
Еден е одење на излет заедно со вашите пријатели, некаде во “дивината”, каде што “вооружени” со двогледи ќе го скенирате небото во потрага по НЛО. Додека сте таму, можете да изработите и некој “мистериозен” круг во житото, во обид да им сигнализирате на вонземјаните некоја порака... каде да слетаат, на пример :)
Ако не сте за излет во природата, активностите може да ги пренасочите за дома. За среќа, денес е слободен ден на Светското првенство во фудбал, па заедно со вашите пријатели на мир ќе може да организирате филмски маратон на тема НЛО. Тука ги препорачувам филмовите “Дента кога Земјата сè уште постоеше” (обете верзии), “Денот на независноста”, “Летот на навигаторот”, ... и, секако, мојот омилен СФ-филм на тема НЛО - класикот “Блиски средби од трет вид”. Во паузите меѓу два филма може да најдете и да вметнете и по некој “документарец” од сецирање вонземјани или нешто слично. Ако сте “книшки молец” овој ден можете да го искористите за пречитување на вашите омилени книги за НЛО за потоа да дискутирате за нив со вашите пријатели или, пак, по форумите со оваа тема. За да го подновите знаењето за НЛО, ве потсетуваме дека може да ги препрочитате и дебатите на скептикот Владимир Филевски и првиот македонски уфолог Стојмир Симјаноски во серијалот објавен во ЕМИТЕР под наслов Мистеријата наречена НЛО