Во организација на Институтот за електроника, а во соработка со SEAVUS и SEDC од 23-ти до 27-ми јуни во просториите на ФЕИТ и SEDC ќе се одржи Летна школа за дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи (ВМС). Притоа, покрај предавачите од ФЕИТ, на летната школа ќе има и гостувачки предавачи од Институтите АСИ, КТИ, ЕМЕМ при ФЕИТ, Електронскиот факултет – Ниш, Машинскиот факултет – Скопје.
Школата е отворена за студентите од сите студиски програми како и за студенти од други факултети. Предвидени се две нивоа – основно (на кое што имаат предност студентите од прва и втора година) и напредно ниво (на кое што имаат предност студентите од трета и четврта година.
Дизајнирањето ВМС опфаќа извонредно широк домен на прашања. Увидот во таа ширина отвора видици за поуспешно и издржано инженерство на ВМС. Еден од акцентите на кој ќе се посвети посебно внимание за време на предавањата и вежбите на летната школа е интеракцијата на вградливите системи со човекот и околината (со сензори, актуатори, процесирање звук и видеосигнали, интеракција човек-машина, интернет). При тоа ќе бидат опфатени и следните теми:
Користење различни развојни околини за ВМС, осознавање на проблемите кај ВМС што произлегувааат од физичките ограничувања и практичен увид во некои реални примени (case studies).
Школата ќе опфати предавања, демонстрациски вежби и практична работа, додека проверка на совладаното ќе се изврши преку презентација и одбрана на микропроект.
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на формуларот којшто може да се преземе од веб-страницата на ФЕИТ (www.feit.ukim.edu.mk) и којшто потоа треба да го испратат на на e-mail адресата vms2014@gmail.com. Пријавувањето трае до 20.6.2014 г.