Резултатите од истражувањата спроведени врз 300 припаднички на понежниот пол покажале дека оние жени кои извршиле абортус имаат три пати поголем ризик да заболат од рак на дојката подоцна во животот. Проучувајќи дали доењето штити од развој на карцином на дојка, научниците дошле до едно неочекувано откритие. Добиените податоци покажале дека доењето го намалува ризикот, а покрај абортусот, ризикот го зголемува и пушењето цигари.
До овие резултати дошле научниците од Универзитетот во Коломбо, Шри Ланка, а објавено е во Cancer Epidemiology. Ова е една од многуте студии објавени во последно време. До слични резултати пред тоа дошле и истражувачи од Кина, Турција и од САД.
Професорот Џек Скарибрик (Jack Scarisbrick), од бритнското здружение "Life" рекол: “– Оваа студија е уште еден доказ дека абортусот е важен ризик-фактор за појава на тумор на градата.”
На ова тврдење и на овие резултати се спротивставуваат многумина, и сметаат дека истражувањето мора да се прошири на многу поголем број испитаници.
Оние пак, кои се, на страната на овој доказ, велат дека за појава на тумор на дојката е одговорен хормонот естрадиол, кој го стимулира растот на градите за време на бременоста. Делувањето е ублажено кај жените кои ќе родат, но нивото на хормонот останува мошне високо ако се одлучи на абортус, односно прекин на бременоста.
Во Британија по озаконувањето на абортусот дошло до зголемување на случаи на рак на дојка за 80%. Сличен податок доаѓа и од д-р Луис Бринтон (Louise Brinton), од американскиот Национален институт за тумори, која пред тоа не ја прифаќала врската помеѓу абортусот и ракот на дојката. Таа изјавила дека испитувањата во САД покажале дека абортусот го зголемува ризикот за околу 40%.