За да не се грижите за процентот на афлатоксини од кравјото млеко и на организмот сепак да му обезбедите доволно калциум, пијте растително млеко за кое нутриционистите тврдат дека е многу здраво и вкусно. Инаку, како што е познато, здрави и јаки коски нема без калциум, минерал кој го има во лиснатиот зелен зеленчук, брокулата, магдоносот, сусамот, сојата, циметот, цвеклото, бадемот и уште многу други. Ова значи дека овие продукти треба да се консумираат што почесто. Сигурно се прашувате што му дава предност на растителното млеко. Прочитајте за да дознаете.
Модерната медицина не го го смета животинското млеко за човечка храна бидејќи организмот на возрасен човек не лачи ензими кои можат да ги разложат белковините од млекото, па во желудникот се создаваат казеинати, топчиња кои ја спречуваат апсорпцијата на минерали од храната. На возрасни луѓе, и на мажи и на жени, им се препорачува дневен внес на 900 до 1600 милиграми калциум, во зависност од животното доба и тежината на работата која ја извршуваат, но тоа не значи дека нивниот организам ќе успее да го искористи, па затоа лекарите мошне често препорачуваат да се земаат таблетки од калциум кои не се така добри како калциумот од храната.
Млекото од животинско потекло содржи пурински киселини, кои не само што го оневозможуваат вградувањето на калциумот и магнезиумот во коските, туку го извлекуваат постоечкиот калциум од коските,šшто оди во прилог на млекото од растително потекло. Инаку, аспсорпцијата на калциумот не зависи само од неговата застапеност во храната, туку и од интеракцијата со другите супстанции од намирниците што се консумираат. На апсорпцијата на калциум особено влијаат фосфорот, магнезиумот, липидите, масните киселини, белковините, јаглените хидрати и витаминот Д.
Растителни млека кои можете сами да ги подготвите:
МЛЕКО ОД СУСАМ – Во блендер ставете чаша сусам, додадете чаша вода и добро измелете/измешајте. Постепено додадете уште три чаши вода. Ако сакате, во процеденото млеко можете да додадете малку екстракт од ванила, малтекс, суво овошје или банана. Ќе внесете 783 mg калциум.
МЛЕКО ОД БАДЕМ – Ставете чаша бадеми во зовриена вода, па извадете ги по 10 секунди. Оставете да отстојат 2-3 минути на чиста крпа, излупете ги и ставете ги во блендер. Додајте четири чаши студена вода и лажица малтекс илиšшеќер, па добро измешајте. Процедете и пијте. Ќе внесете 412,5 mg калциум.
МЛЕКО ОД ПЧЕНИЦА – Пола чаша суво грозје потопете во четири чаши вода и оставете го добро да набабри. Една чаша пченични 'ркулци мелете ги со малку вода 2 минути во блендер, процедете низ густа цедилка, па вратете ги повторно во блендер. Додадете суво грозје и водата во која набабрувало, измешајте, процедете и пијте. Ќе внесете 77 mg калциум.
МЛЕКО ОД ОРЕВИ – Во блендер измешајте чаша ореви и чаша вода, па постепено долевајте три чаши вода. Матете уште 2 минути, процедете и разблажете по желба. Ќе внесете 70,95 mg калциум.
ОРИЗОВО МЛЕКО – Овој лесно сварлив напиток, со исклучителна нутритивна вредност, се препорачува во исхраната на оние кои имаат зголемен холестерол или не поднесуваат лактоза од кравјо млеко или протеини од соино млеко, а лесно се подготвува. Во лонец сипете 10 чаши вода и чаша интегрален ориз, поклопете и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и на тивок оган варете уште половина час. Готовата смеса оставете да се олади и процедете ја низ газа. Млекото може да го заблажите со малтекс илиšшеќер. Ќе внесете 32,4 mg калциум.
КОКОСОВО МЛЕКО – Во пола литар вода сипете 200 грама кокосово брашно, оставете да отстои еден час, па измешајте во блендер. Процедете низ газа, заблажете го по желба и пијте. Ќе внесете 26 mg калциум.
Вкусете и ќе бидете задоволни и здрави!