Оваа недела Интел ја претстави новата линија процесори Intel Xeon E7 v2 со цел да им помогне на компаниите од најразлични дејности од малопродажба и здравствена нега до банкарство и транспорт да ги претворат податоците во корисни информации.
Со помош на анализа компаниите ќе донесуваат одлуки кои ќе ги подобрат нивните резултати. Новите процесори содржат нови карактерстики за процесирање и анализа на големи и различни количини податоци за да се овозможи пристап до информации кои биле претходно недостапни.
Big data нуди многу можности за голем број организации да растат преку создавање на рентабилни услуги преку користење на информациите кои ги добиваат. Оваа технологија се очекува да се зголемува за 27 отсто годишно и до 2017 година да достигне 32,4 милијарди долари. Двигател на развојот е големото количество податоци кои произлегуваат од поврзаните уреди. Инвестициите во технологии со врвни перформанси и решенија за анализа на податоци може да доведат до големи заштеди. На пример, ИТ организациите на Интел се очекува да заштедат и да го зголемат приходот за речили половина милјарда долари со употреба на аналитичките решенија до 2016 година.
Новата линија процесори Intel Xeon E7 v2 има три пати поголема меморија во споредба со претходната генерација, што овозможува побрза и потемелна анализа на податоците. Мемориската анализа го анализира целиот сет податоци (како, на пример, цели датабази на потрошувачи) во системската меморија наместо на традиционалните хард дискови. Овој метод станува популарен поради зголемената потреба за комплексна анализа. Фирмата за индустриска анализа "Гартнер" очекува дека 35 отсто од средни до големи претпријатија до 2015 година да започнат со внатрешна мемориска анализа. Забележано е зголемување од 10 отсто во 2012 година и предвидува најмалку 50 отсто зголемување кај компании од "Глобал 2000".
eBay, еднa од најголемите и најсложени онлајн продавници, се справува со огромни колични податоци, повеќе од 50 петабајти за повеќе од 100 милиони корисници. Според прелиминарните тестови врз новиот Интел процесор и софтверот за внатрешна мемориска анализа HANA, во eBay се забележани подобрени перформанси и справување со големи количини податоци што ќе помогне при отворање на нови можности за генерирање приход на клиентите.
Дизајнирани за сервери со 32 приклучоци, со конфигурации кои поддржуваат до 15 процесорски јадра и до 1,5 терабајти меморија по приклучок, новата линија процесори ќе постигне двојно подобри перформанси од претходната генерација. Овие зајакнувања ќе им помогнат на компаниите кои работат со критични апликации како што се системи за поддршка на бизнисот (BSS), врските со клиентите (CRM) иERP да функционираат поефикасно, за пониска цена и побрзо време на одговор.На пример, тим за продажба со вакви можности може да го зголеми приходот преку идентификување на вистинското време да го продаде производот или да им овозможи на компании за нафта и гориво побргу да предвидат кога има потреба од превентивно одржување на нивните платформи.
За да ги намали тесните грла со податоците, новата линија процесори содржиIntel® Integrated I/O,Intel Data Direct I/O и поддршка за PCIe 3.0, со што се достигнува до четири пати поголем проток (I/O) и овозможува дополнителни можности за зачувување и мрежно поврзување.
Времето на работење на системот и неговата доверливост остануваат примарен критериум за критичните апликации. Новата линија процесори ја продолжува традицијата на Интел за испорачување на светски препознатлива доверливост на системите, достапност и услужливост. Технологијата Intel Run Sure е дизајнирана за обезбедување решенија кои се клучни за најважните податоци при работењето преку намалување на фреквентноста и цената на планираниот и непланираниот престанок на работата.
Од денес, 21 производители од целиот свет ќе најават повеќе од 40 платформи базирани на линијата процесори Intel Xeon E7 v2.