Корпорацијата Интел откри нови уреди за интерактивната образовна средина на 21. век на овогодишниот саем BETT, којшто се одржува во Лондон. Новиот таблет Intel Education Tablet и компјутер Intel classmate PC се дел од решенијата на Интел – Intel Education Solutions, кои вклучуваат уреди, софтвер, содржини, услуги и професионален развој на наставници кои работат заедно да го трансформираат учењето и предавањето за успех на учениците.
Таблетот и компјутерот се прилагодени за ученици, имаат издржлив дизајн кој може да поднесе пад од клупа (од 70 см), како и отпорност на прашина и вода, што ќе овозможи учење во секое време, на секое место.
Таблетот има оперативен систем Android 4.2 и има карактеристики кои им овозможуваат лесно користење од страна на децата, како гумени рачки или копче за вклучување кое е заштитено од несакано притискање и пенкало лесно за држење. Содржи двојадрен процесор Intel Atom Z2520, голем е 10 инчи, има предна и задна камера и можна поддршка за 3G, просечно 12 часа трајност на батеријата за учениците да можат да учат во текот на целиот ден.
Процесорот овозможува четири апликации да работат истовремено и ја зголемува ефикасноста на јадрата. Интегрираната платформа поддржува 3D-технологија, хардверски поттикнато енкодирање и декодирање со 30 рамки во секунда.
Компјутерот се базира на процесорот Intel Celeron N2806 и работи со оперативниот систем Windows 8.1. Верзија која ќе поддржува Windows 7 и Linux ќе се произведе во текот на годината. Уредот има можност за работа на допир и содржи камера, што би поттикнало креирање нови содржини.
Ноутбук-компјутерот на HP "Classmate" е првиот производ кој е заснован на референтниот дизајн и се очекува да биде достапен овој месец во Америка, Европа, Блискиот Исток и во Африка, а на пролет и во Азија.
Новите таблет и компјутер содржат карактеристики како алатка за зголемување, која се прикачува, и сензор за температура кој се прикачува во аудиоизлезот. Овие карактеристики ќе им овозможат на учениците да гледаат микро и макроскопски слики, да мерат и да анализираат податоци од средината, што ќе ја "оживее" науката и ќе им даде слобода на учениците да истражуваат научни концепти насекаде, не само во училница.
Новиот таблет и компјутер на Интел се моќни алатки за учење, кои се дел од флексибилните, сеопфатни решенија на Интел за образованието, кои подразбираат најразлични уреди - од таблети до лаптопи и уреди 2 во 1, софтвер, содржини, услуги и професионален развој на наставниците за да им помогнат на учениците да се посветат на учењето и да ги зголемат нивните достигнувања. Пакетот "Intel Education Software" содржи апликации за активирање на учениците преку алатки кои поттикнуваат истражување на наставната програма и промовираат поголем интерес со содржини како апликацијата "Kno“, која им нуди на наставниците и учениците пристап до глобална библиотека со повеќе од 225 000 образовни наслови.
Интел верува дека технологијата може да им помогне на предавачите и вработените во училиштата подобро да ги подготват учениците за долгорочен успех. Врз основа на декадата исполнета со соработка, спроведување и истражување, решенијата за образование на Интел се дизајнирани да им помогнат на предавачите да ги инспирираат учениците, да ги поддржат училиштата за постигнување врвен успех и да им ја олеснат работата на администраторите. Веќе докажаните решенија на Интел им помогнале на повеќе од 10 милиони наставници да им овозможат подобро образование на стотици милиони ученици во 100 држави.
Пакетот образовни решенија на Интел се прикажани на штандот на Интел на "Bett 2014" (B358). Штандот има виртуелна училница, каде што наставниците ќе предаваат вистински лекции базирани на наставниот план на Интел.