Безбедноста во сообраќајот не е луксуз. Безбедноста во сообраќајот не е заштита и утеха за "послабиот" и недоволно искусниот во сообраќајот. Безбедноста не е забавување на сообраќајот. Секојдневното практикување на безбедно учество во сообраќајот е прв знак на зрелост, воспитување, коректно однесување и култура, т.е. тоа се особини што треба да го красат секој човек и особини кон кои мораме да се стремиме. Со голема точност може да се усвои констатација: како се однесува поединецот во сообраќајот, исто така се однесува и во животот. И бидете уверени во фактот дека никогаш не е излишно да се проговори за безбедноста во сообраќајот затоа што тоа е наше секојдневие, и за нештата да функционираат без проблеми, мора да сме коректни учесници во него.
Фирмата за производство на автомобилски пневматици, "Мишлен", во соработка со Меѓународната автомобилска федерација (FIA), ја започнаа кампањата "10 основни паравила за безбеден сообраќај". Тоа се:
1. Било да си возач или патник, секогаш користи сигурносен појас. Биди секогаш безбеден.
2. Сообраќајните знаци и прописи постојат за да нè заштитат. Затоа, секогаш да се придржуваме кон нив.
3. За своја сигурност и за сигурноста на останатите учесници во сообраќајот, те молам секогаш биди внимателен кон ограничувањето на брзината. Било да си брз како зајак или бавен како желка, мораш да го почитуваш ограничувањето на брзината.
4. Секогаш проверувај го трошењето и притисокот на воздухот во пневматиците. Притоа, не заборавај го и резервниот пневматик.
5. Кога си под дејство на алкохол или дрога, немој да возиш. Привремено кажи му збогум на возилото.
6. На пат, седнете го детето во посебно конструирано седиште за негова возраст и за негова сигурност. Заштитете ги неговите соништа.
7. Не користи мобилен телефон додека возиш. Секогаш биди внимателен при возењето.
8. Ако чувствуваш дека ти се спие или си уморен, запри го возилото и одмори се. Одмори се, па ќе стигнеш далеку, и ти и твојот автомобил.
9. На велосипед, скутер или моторцикл, секогаш носи заштитна кацига. Носи ја и сакај ја.
10. Секогаш биди пристоен во сообраќајот и внимателен кон оние околу тебе. Да ги почитуваш другите значи да се почитуваш себеси.
Секогаш почитувајте ги овие основни правила во сообраќајот за секогаш безбедно да пристигнете на Вашата дестинација. Редовно збогатувајте ги Вашите сознанија за безбедност во сообраќајот и секогаш, и без исклучок придржувајте се до нив.