На оваа фотографија, снимена со стереокамерата со висока резолуција на леталото Марс Експрес на ЕЅА, гледате еден кратер со необична форма. Се наоѓа во регионот Хеспериа Планум (Hesperia Planum) на Марс. Неговата должина е околу 24,4 километри, ширината е 11,2 километри, а достигнува максимална длабочина од 650 метри под нивото на околната рамнина.
Кратерот е создаден при удар на метеороид во планетата и е опкружен со исфрлен материјал, кој особено добро се забележува по должината на двете подолги страни на кратерот. Она што го прави овој кратер необичен е неговата форма - најголем дел од кратерите се кружни, а овој е елиптичен. Неговата елиптична форма укажува на тоа дека метеороидот удрил под многу мал агол, помал од 10 степени. Слични елиптични кратери се забележани и на други места на Марс, како и на Месечината.
Резолуцијата на оваа фотографија е 16,7 метри на пиксел.