Рубрика: Астрономија и астронаутика
Што ако "Аполо 11" не успееше?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 20.07.2013 - 18:45

Денес се навршуваат точно 44 години од освојувањето на Месечината од страна на човекот. Досега многу имаме пишувано на оваа тема, впрочем, ако нешто сте пропуштиле и сакате да дознаете повеќе детали за мисијата "Аполо 11" во која Нил Армстронг и Баз Олдрин први зачекорија на Месечината додека во орбитерот ги чекаше Мајкл Колинс, можете да ги побарате следните броеви на ЕМИТЕР во вашата домашна библиотека и да прочитате ЕМИТЕР 4/2004 – "Луѓе на Месечината – лага или подвиг"; 12/2007 – "50 години астронаутика: Човек на Месечината"; 4/2010 – "Нови фотографии од ЛРО"; 9/2012 – "Ин мемориам Нил Армстронг"; да набројам само неколку. Малку имаме говорено за тоа што би се случило доколку овој подвиг имал поинаков исход.

 

Имено, во НАСА биле подготвени и за оваа варијанта, па имале подготвен говор токму за оваа пригода кој ви го прикажуваме во целост на сликата во прилог. 

Во говорот јасно се забележува дека од НАСА очекувале доколку Армстронг и Олдрин погинат, Колинс со командниот модул успешно да се врати на Земјата. Нивните тела засекогаш би останале на површината на Месечината.

Идните истражувачи коишто ќе го предводат човештвото во следните мисии, на Марс на пример, треба да бидат спремни дека секогаш постои и можноста нивната мисија некаде да "зачкрипи" и да има трагичен исход. Како што човештвото се стреми во освојување на ѕвездите треба да бидеме подготвени дека не само траги од нашите животи, ами и физичките тела, барем на некои од нас, можат засекогаш да останат таму некаде во меѓуѕвездениот простор.

Клучни зборови: