Рубрика: Медицина
Работи кои го забрзуваат нашето стареење
Автор: Калина С. Андонова
Објавено на 10.07.2013 - 12:05

Телевизија: По 25-тата година, секој час поминат пред ТВ ви го скратува живот за 21,8 минути – ова е резултат на истражувањето од 2011 година. Оние кои гледаат телевизија šшест или повеќе часови на ден живеат 4,8 години помалку од оние кои не гледаат телевизија.
Шеќер: Шеќерот е лош за витата линија, но тој исто така предизвикува оштетување на колагенот и еластинот, кои се потребни за да се задржи цврста и мазна кожата. Експертите велат дека слатките треба да се заменат со јагленохидрати со низок гликемиски индекс, како šшто се зрната од житарки затоаšшто телото ги вари побавно, šа тоа го ограничува губењето на колагенот и еластинот.
Задржување на бесот: Луѓето кои го задржуваат гневот во себе имаат четирипати поголема веројатност за предвремена смрт.
Перница: Експертите велат дека перницата ја апсорбира влагата од нашето тело,šшто доведува до стареење на кожата на лицето. Дури перницата може и да биде таа šшто остава линии и брчки на лицето. За да се спречи ова, најдобро е перницата да биде од свила, која содржи аминокиселини слични на оние што се наоѓаат во хидрантните креми.
Смеењето и гримасите: Можеби имате убава насмевка, но гримасата која ја правите додека се смеете, како и другите гримаси на лицето, на пример лутењето, доведуваат до формирање брчки на лицето.
Климатизација и греење: Средината во која владее ниска влажност поради греењето или ладењето со централна климатизација или клима-уред доведува до сува кожа, а кај сувата кожа брчките се поистакнати. Затоа се препорачува слоевита облека, за да може да се разладувате или да се загревате по потреба и во согласност со температурата на амбиентот, наместо да вклучувате клима ладење или греење.