За оние помалку упатените Evernote е апликација за мобилен телефон и PC која ви помага подобро да се организирате и да не ги заборавите нештата коишто сакате да ги направите, доживувањата кои ги сметате за незаборавни или, пак, едноставно да ги зачувате вашите работни документи и интересни блогови.
Evernote деновиве наврши пет години, време за кое стекна десетици милиони корисници ширум светот. А зошто и не? Кога се работи за навистина моќна алатка во современиот живот на брз ритам.
Evernote е лесна за користење, бесплатна апликација, што ви помага да да го подобрите помнењето на сите уреди коишто ги користите. Останете организирани, зачувајте ги вашите идеи, и подобрете ја продуктивноста. Evernote овозможува снимање на белешки, фаḱање слики, создавање списоци со приоритети за завршување, снимање гласовни потсетници..., при што пребарувањето низ сите овие белешки, без разлика дали сте дома, на работа, или во движење, е целосно и лесно.
Мобилната апликација рабоити на сите поголеми паметни телефони и има верзии за сите мобилни оперативни системи (iOS, Android, Blackberry, Windows 7 Phone, и WebOS). На овој начин овозможува пристап до вашите датотеки во движење, додека длабоката интеграција овозможува често снимање и додавање на фајлови и текст со еден клик.
Програмата има и екстензија што работи на сите PC-прегледници (браузери), Web Cliper, која ни овозможува "сечење" на текстот од која и да е веб-страница и негово зачувување за подоцнежна употреба. Качувањето на слики е лесно без разлика дали сликите ги правите со мобилен телефон, скенер или пак ги симнувате од интерне.
Кај бесплатната верзија Evernote нуди ограничено споделување на документи и белешки и складирање на најмногу до 60MB месечно. Кај премиум верзијата, чија лиценца чини 45 американски долари годишно или 5 долари месечно, лимитот на складирање е 1000MB месечно и нуди нешто поширок спектар на можности за споделување на белешки и фајлови.
Доколку сакате да дознаете повеќе посетете го официјалниот сајт на Evernote http://evernote.com/