Кога се работи за пресметки и нивното табеларно или графичко прикажување, електроничарите најчесто го користат excel на Microsoft првенствено поради едноставноста при анализа и средување на податоците. Но овој програм понекогаш не задоволува во однос на комплексноста на математатичката анализа како и поради слабите графички можности. Тогаш треба да се обратиме кон MATLAB кои ги има овие можности но е премногу сложен за работа, а што е најбитно, премногу скап за да биде општоприфатен. Рака на срце, кај нас MATLAB, како и останатиот лиценциран софтвер често се користи "на диво", но оваа "романтичарска" ера како да завршува па потребно е да се изнајде консистентно решение.
Во потрага по такво решение наидов на извонредната, и пред сè моќна, опен сорс платформа за пресметки во инжењерството и науката наречена Scilab. Scilab првенствено се користи за математичка анализа и симулации, 2D и 3D графички приказ, статистика, изнаоѓање и проверка на алгоритми за оптимизација, проектирање на системи за автоматсо управување како и за процесирање на аналогни и дигитални сигнали.
Повеќе информации на: http://www.scilab.org/