Скопје оваа година ќе биде дел од серијата хакатони кои ќе бидат организирани во Источна Европа и Централна Азија, од страна YES бизнис инкубаторот како дел од мрежата на бизнис инкубатори во овој регион основана од Светската Банка.
За време на викендот 13 и 14 Април на Универзитетот ФОН програмерите, дизајнерите и останати ентузијасти, ќе се придружат на преку 3500 учесници во повеќе од 20 градови на ecaHack настаните ширум регионот и ќе работат во тимови за да креираат мобилни апликации за сите платформи со фокус на Отворени Податоци (Open Data) и апликации од јавен интерес.
Учесниците на ecaHack Скопје 2013 ќе имаат можност да разменуваат идеи, концепти и проекти и во насока на креирање на модерни и корисни мобилни апликации за оперативен систем по сопствен избор. Хакатонот има за цел да привлече млади ентузијасти кои со помош на присутните ментори пикслите на мобилните уреди ќе ги претворат во високодинамично и интерактивно искуство за корисниците, ќе ги презентираат своите изработени апликации и со тоа ќе се натпреваруваат за фондот на награди.
Како дел од наградите, победниците на ecaHack Скопје 2013 ќе имаат можност да работат на своите проекти со поддршка од менторите од Mentors Network of ECAbit (ECAbit.org) преку YES бизнис инкубаторот како дел од ECAbit мрежата, а потоа и да се натпреваруваат на финалниот ecaHack регионален настан во Букурешт кој ќе се одржи во периодот од 7до 12 октомври. Понатаму, победниците ќе добијат и 2 Developer Alpha Blackberry уреди и Alkatel One touch 997.
Победниците на регионалниот настан ќе учестуваат во 3 месечниот Процес на Акцелерација со поддршка од најдобрите ментори од Силиконската долина, израел и Берлин со цел да основа глобално успешен бизнис во земјата од која потекнува.
За повеќе информации за ecaHack следете ги новостите на веб страната http://skopje.ecahack.com/, Facebook настанот (http://www.facebook.com/events/549770295053719/?context=create) или контактирајте на contact@yes.org.mk