Овој викенд, поточно во неделата, се навршија точно 40 години од издавањето на еден од најдобрите албуми на сите времиња, "Темната страна на Месечината" од Пинк Флојд, единствен кој останал цели 724 недели на Билборд Топ 200 листата. Еве неколку податоци за овој албум кој, меѓу другото, внесе и повеќе технички новини во студиското снимање и обработката на звук.
"Темната страна на Месечината" е осмиот студиски албум од англискиот прогресивен рок бенд Пинк Флојд, издаден во март 1973 година. Тој е изграден на идеи истражени во претходните снимки на бендот и во живо, но на него изпстамиваат продолженитр инструментални екскурзии карактеристични за нивната работа по заминувањето на нивниот член-основач, главен композитор и текстописец, Сид Барет во 1968 година. Темната страна на Месечината ги разработува темите на конфликт, алчност, минливоста на времето, и менталната болест, последново делумно инспирирано од влошувањето на менталната состојба на Берет.
Албумот е развиен во текот на настапи во живо и бил промовиран премиерно неколку месеци пред да започне неговото снимање во студиото. Новиот материјал е снимен во две сесии во 1972 и 1973 година на Ејби роуд студиос во Лондон.
При снимањето групата користи некои од најнапредните техники на снимање во тоа време, вклучувајќи го повеќеканалното (multitrack) снимање и tape loop. Снимањето е направено со употреба на 16-канален магнетофон, што нуди поголем степен на флексибилност од осум или четири-каналните магнетофони што претходно се користеле, иако бендот често користел толку многу канали што за да се направи повеќе простор за нивна обработка биле направени и втора генерација на копии. Во неколку песни особено значење е дадено на употребата на аналогни синтисајзери, како и на серија снимени интервјуа со техничкиот екипаж на бендот, но и други луѓе, чии филозофски цитати се користат во албумот. Саунд инженерот Алан Парсонс бил директно одговорен за некои од најзначајните звучни аспекти на албумот, како и регрутирање на не-лексичкиот изведувач Клер Тори.
Легендарната слика од призма на пакувањето од албумот го претставува сценското осветлување на бендот, лирските теми од плочата, и ги задоволува барањата на клавијатуристот Ричард Рајт за "едноставен и храбар" дизајн. Темната страна на Месечината веднаш постигнува успех, освојувајќи го врвот на Билбордовата Billboard Top LPs & Tapes каде и останува една недела, а на топ листите останува да фигурира цели 15 години, од 1973-та до 1988-ма. Со околу 50 милиони продадени примероци, албумот е најголем комерцијално успешен албум на Пинк Флојд и еден од најпродаваните албуми во светот.
По повод 40-годишнината фановите на бендот и албумот од официјалната страница можеа да симнат постер од сите слики од омотите на овој албум, но и да учесетвуваат во проектот на виртуелно "затемнување" на месечината со поставување на нивни слики и пораки инспирирани од композициите од албумот кои можеа да се слушаат on-line на www.pinkfloyd.com