Чест паразит кој до неодамна се сметал за безопасен, а живее во организмот на многу луѓе, може да предизвика суптилни промени во мозокот, кои може да доведат до самоубиство, предупредуваат научниците.
Медицинските експерти проценуваат дека меѓу 10 и 20 проценти од луѓето во САД, или околу 30 проценти од целиот свет се заразени со паразитот Toxoplasma gondii, кој предизвикува болест позната како токсоплазмоза. Во текот на првите недели од заразувањето паразитот вообичаено предизвикува лесни симптоми слични на грип, но подоцна се притајува во организмот и е тешко да се дијагностицира. До неодамна се сметало дека тој не предизвика сериозни здравствени проблеми, освен кај лицата со намален имунитет и кај бремените жени. Но, според едно истражување паразитот Toxoplasma gondii за подолго време може да предизвика воспалителни процеси во кои настануваат метаболити што го оштетуваат мозокот.
Претходните студии покажале дека во мозокот на луѓето кои извршиле самоубиство и кај луѓето склони кон депресија постојат воспалителни процеси и има некоја поврзаност меѓу паразитот Toxoplasma gondii и обидите за самоубиство. Лена Брундин, од Државниот универзитет во Мичиген, води студија во која се покажало дека луѓето кои се позитивни на паразитот, имаат дури седумпати поголеми шанси за самоубиство.
Toxoplasma gondii се размножува во клетките на домашните животни, односно кај животни од фамилијата мачки, но може да го пренесат и кучињата. На луѓето се пренесува преку фекалии и вода и храна контаминирани со неговите јајца. Бидејќи тој може да се најде и во клетките на други цицачи, инфекцијата е можна и преку месо кое што не е доволно термички обработено. Кај нас, меѓу народот, оваа болест популарно се нарекува мачкитис.
Лена Брундин и нејзиниот тим за истражување откриле дека воспалението предизвикано од Toxoplasma gondii, а се рефлектира со намалување на нивото на серотонин во мозокот, може да предизвика промени во неговата хемија и со тоа склоност кон депресија и самоубиство. Но, истражувачите истакнуваат дека овие проблеми не се манифестираат кај голем број заразени, што значи дека не треба да паничите!
Многу позитивно е тоа што се откриваат биолошките промени кај пациентите со самоубиствени намери, а тоа овозможува да се развијат нови методи за лечење и спречување на самоубиствата, а пациентите можат да се надеваат дека ќе им биде пружена помош. А иако токсоплазмата се открива тешко таа е излечива – вообичена терапија е комбинација од два лека, пиримитамин и сулфадиазин.