Новиот ŠKODA Rapid се закити со престижната светска награда "RED DOT" за исклучителен дизајн на производот. Оваа меѓународна награда се доделува секоја година во рамките на светскиот натпревар за дизајн, каде што се наградуваат најдобрите дизајни на новите производи, а ŠKODA Rapid е шести модел на ŠKODA кој ја добива наградата "RED DOT". Изборот го направи стручно жири составено од 37 реномирани дизајнерски експерти, а оваа година за наградата аплицирале вкупно 4662 нови производи од 54 земји, што е воедно и најголем број апликации во историјата на "RED DOT" наградите.
Експертите од жирито секоја година спроведуваат тестови на новите производи и внимателно ги оценуваат според повеќе критериуми: нивното ниво на иновација, функционалноста, ергономијата, долготрајноста, еколошката компатибилност итн. За 2013 година, наградите "RED DOT" беа доделени во 19 различни категории.
Совршените пропорции, јасните и чисти линии на новиот ŠKODA Rapid ги освоија симпатиите на жирито, кое реши да му го додели врвното признание "RED DOT" на ŠKODA Rapid, како потврда за неговиот исклучителен дизајн и квалитет. Rapid е првиот модел на ŠKODA што во 2012 го имаше новиот дизајнерски израз на брендот. Дизајнот е јасен, прецизен, свеж и емотивен. Покрај својот карактеристичен изглед, Rapid импресионира со многу простор, одличен сооднос цена/вредност, целосна опрема за безбедност и штедливи мотори. Овој компактен седан поставува стандарди во својата класа и може да се пофали со голем багажен простор од 550 литри.
Брендот ŠKODA досега има освоено шест "RED DOT" награди. Во 2010 година, два модела на ŠKODA, Yeti и Superb, беа добитници на наградите "RED DOT". Škoda Fabia ја освои наградата во 2008 година, а Škoda Roomster во 2007 година. Првата победа ŠKODA ја бележи во 2006 година, кога ја освои наградата "RED DOT" за популарна Octavia Combi.
Наградите за дизајн "RED DOT" ќе бидат доделени во театарот Aallto во Есен, Германија, на 1 јули годинава. Од 2 јули до 28 јули, во музејот на "RED DOT" во Есен ќе бидат презентирани сите производи во чест на една специјална едиција наречена "Дизајн на сцена" – со добитниците на "RED DOT" наградите "дизајн на производ за 2013 година".