На самитот "OPEN COMPUTE" во Санта Клара, Калифорнија, корпорацијата Интел објави за соработката со "Фејсбук". Соработката се очекува да ја дефинира новата генерација "rack" технологии кои се користат кај најголемите центри за податоци. Како дел од соработката, компаниите го открија и механичкиот прототип што го разви Quanta Computer кој ја содржи новата, иновативна фотонска архитектура за да го прикаже потенцијалот за подобрување на одделените рамки.
Џастин Ратнер објасни дека новата архитектура е резултат на истражување што трае повеќе од една деценија, која има за цел да пронајде линија на фотонски производи, вклучувајќи ласери, модулатори и детектори што користат силициум за целосно да ги интегрираат фотонските уреди со досега незабележана брзина и енергетска ефикасност. Силициумската оптоелектроника (photonics) се нов пристап за користење на светлината (фотоните) за пренесување податоци со огромни брзини и екстремно ниска потрошувачка на енергија преку тенок оптички кабел, наместо да се користат електрични сигнали со помош на бакарни жици. Интел во последните две години постојано докажува дека фотонската технологија е погодна за производство и штотуку произведе инженерски примероци.
Силициумската оптоелектроника изработена од евтин силициум наместо скапи и егзотични оптички материјали, обезбедува значајна предност во однос на потрошувачката пред старите оптички технологии, обезбедува поголеми брзини, доверливост и скалабилност. Бизнисите со сервери или масивни центри за податоци може да ги отстранат тесните грла и да обезбедат можности за надградување, притоа заштедувајќи оперативни трошоци за простор и енергија.
Бизнисите со големи центри за податоци може значително да ја намалат капиталната потрошувачка преку дисегрегација односно одделување на ресурсите за процесирање и складирање серверска рамка. Дисагрегацијата на рамките се однесува на одделување на сите ресурси што моментално се наоѓаат на една рамка, вклучувајќи процесирање, складирање, мрежна и енергетска распределба во дискретни модули. Вообичаено, серверот кој се наоѓа во рамката ќе има своја група ресурси. Кога се одделени, видовите ресурси може да се групираат и да се распределат низ рамката со што ќе се подобри можноста за надградување, флексибилност и доверливост и сето тоа со пониска потрошувачка.
Со одделувањето на компонентите една од друга, секој ресурс може да се надгради без да треба да се спојува со други. Ова овозможува продолжен век на работа за секој ресурс и им овозможува на ИТ-инженерите да го заменат само тој, наспроти целиот систем. Оваа можност и флексибилност ја намалува инвестицијата во инфраструктурата, и дава повисоко ниво на отпорност. Исто така постојат можности за термална ефикасност, што овозможува пооптимално поставување на елементите на рамката.
Механичкиот прототип е демонстрација на фотонската архитектура на Интел за поврзување на различните ресурси. Интел ќе придонесе со дизајн за фотонски приклучок за проектот "Open Compute" (OCP) и ќе соработува со Facebook, Corning и други и со текот на времето ќе го стандардизира дизајнот. Механичкиот прототип вклучува влез/излез (I/O) кој користи силициумски прекинувач Intel Ethernet и ќе ги подджува процесорите Intel Xeon и новата генерација 22-нанометарски системи на чип (SoC) Intel Atom, наречени "Avoton", кои ќе бидат достапни оваа година.
Механичкиот прототип што се прикажа денес е еволуција на одделувањето на рамските со одделни дистрибуирани функции.