Рубрика: Медицина
Коктел за астронаути
Автор: Ирена Кацеска
Објавено на 19.12.2012 - 11:04

Докажано е дека коктелот AS10, првобитно наменет за астронаутите на вселенските патувања, многу поволно влијае на здравјето на кожата. Напитокот, кој претежно содржи сокови од различни егзотични овошја, е развиен по барање на НАСА.
Поради големата количина антиоксиданси, коктелот AS10 помага во процесот на обновување на кожата и го забавува нејзиното стареење. Коктелот AS10 е приготвен од мешавина од овошја кои успеваат во Средна и Јужна Америка, Бразил, Кина, тропскиот појас. Сето овошје содржи многу витамин Ц и флавоноиди. Останати состојки се железо, зелен чај, шипка.
Поради растителните антиоксиданси во коктелот AS10, дерматолозите претпоставуваат дека овој коктел би можел поволно да влијае на оштетувањето на кожата. Во дерматолошкото испитување биле вклучени 180 жени. Кожата на лицето на секоја жена била анализирана со мултиспектрален уред двапати – пред земањето на овошниот коктел AS10 и четири месеци потоа. Внимателно се следени деталите на кожата на секоја жена, како брчки, дамки, пори, изедначеност на тенот и УВ-оштетување. Се покажало дека земањето на коктелот AS10 во значителна мера ги смалува брчките, неправилноста на тенот и оштетувањата настанати од влијанието на сонцето.
УВ зрачењето поттикнува создавање реактивни молекули на кислород, кои можат да ги оштетат сите клетки на телото. Се смета дека слободните кислородни радикали се вклучени во настанувањето на разни болести, како рак и Алцхајмерова болест, но и во стареење на кожата.