Германски научници ја потврдиле старата препорака на нашите баби: чаша топло млеко редовно пред спиење, и мозокот ќе ви биде многу благодарен.
Чаша млеко е одличен лек против стрес – заклучиле германските научници проучувајќи го влијанието на одредени производи врз стресот. Во потрага по идеален производ кој би го намалил стресот и неговото влијание врз организмот, ни на крај памет не ни паднало дека ни се лесно достапни производите кои помагаат во борбата против тегоби, раздразливост, напнатост и други проблеми што ги предизвикува секојдневниот стрес. Млекото, што често се занемарува како производ, смирува и благотворно дејствува врз мозокот.
Истражувањето покажало дека фосфолипидите во млекото се вистински благослов за луѓето под стрес. Иако многумина сметаат дека млекото треба да се избегнува поради маснотиите и затоа што предизвикува алергии, а многумина не го поднесуваат, научниците сепак го препорачуваат.
Истражувачи од универзитет во Триер докажале дека пиењето млеко носи рамнотежа и ги враќа когнитивните способности кои се загрозени со стресот. Затоа, чаша млеко пред спиење го "брише" тешкиот ден и го олеснува сонот.