Севофлуранот, анестезиски гас кој често се употребува при операции на луѓе, кај глувците може да предизвика неповратни проблеми со меморијата. Научниците од Центарот за истражувања Жан-Пјер Обер во Лил, Франција, го докажале ова со следење на однесувањето на 23 глувци. На 15 од нив тие им ја инјектирале месечната дозволена доза на севофлуран во период од пет месеци. Глодарите кои биле подложени на анестезија, за разлика од оние кои не биле, паднале на тестот за просторна меморија. Репетитивното изложување на анестезијата довело до неповратна промена на тау-протеинот. Промена на овој протеин е забележана и кај болните од Алцхајмерова болест. Но, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали до вакви оштетувања доаѓа и кај луѓето, а не само кај глодарите.