Сигурно сте слушнале за музикотерапија. Музиката и вибрациите се најважните компоненти на сè повеќе прифатената терапија со звук, како во круговите на алтернативната така и во конвенционалната медицина со цел за лекување физички и ментални болести. Основа на терапијата претставува теоријата која нагласува дека сè што е живо вибрира, вклучувајќи го и човечкото тело. Идејата дека целата земја е песна веќе не се смета за далеку од вистината, како што сликовито нагласува д-р Зекија Блекбурн, исцелител со звук, основач на Меѓународната мрежа на исцелување со звук и меѓународен предавач.
Д-р Блекбурн уште нè потсетува дека лекарите редовно користат звучни уреди за преглед на телото, како ултразвук, или користат звуци со висока фреквенција за иситнување на камењата во бубрезите. Тој потсетува и на пронајдокот на д-р Мичел Гејнор, онколог од медицинскиот центар на Универзитетот Корнел, дека употребата на многу едноставни инструменти, како пеење и медитација, може значително да го намали ткивото погодено од рак, во комбинација со традиционалните терапии.
Новиот облик на терапија со звук што го користат пациентите заболени со Алцхајмерова болест се нарекува мултисензорен и се одвива во посебно конструирани простории во кои пациентите можат да создаваат музика со движење пред звучниот зрак, кој изгледа како микрофон. Тој ги "преведува" движењата на пациентите во музика.
Други уреди вклучуваат фибер-оптички кабли што светат кога пациентите ги замотуваат околу телото, и местата вибрираат додека свири музиката од внатрешниот звучник. На овој начин, дури и пациентите со оштетен слух можат да "чувствуваат" музика. Оваа терапија потврдено ја намалува болката кај оболените со Алцхајмерова болест, без потреба од дополнителни лекови.