'Рчењето во сон е предмет на многу шеги, но тоа не е толку смешно кога е во прашање 'рчењето на партнерот. Просечно 45% од луѓето редовно 'рчат, а 25% повремено. Овој проблем е повеќе застапен кај мажите и кај оние со прекумерна телесна тежина и обично се влошува со стареењето.
'Рчењето може да предизвика сериозни проблеми во семејството. Многу парови не можат да спијат во иста соба поради 'рчењето. Купувачите треба да се внимателни кога земаат лекови за да ја спречат оваа појава. Постојат многу спрејови, таблетки и пилули за кои се мисли дека ќе го решат проблемот. За среќа, постојат промени во животниот стил, како и природни лекови кои ќе ви помогнат да прекинете со 'рчењето.
1. Сменете ја позицијата на спиење. 'Рчењето се случува кога мекото непце, увулата, јазикот и крајниците се тријат едни од други и генерираат вибрирачки звук за време на спиењето. На почетокот, 'рчењето се случува само кога лежите на грб и вашиот јазик запаѓа наназад и го зголемува отпорот на воздухот. Ако имате ваков проблем, спиењето на страна може да помогне. Исто така, помага ако ја поставите главата повисоко од телото за 10 cm.
2. Ослабнете 10% од вашата телесна тежина. Луѓето со прекумерна телесна тежина имаат подебел и поригиден врат, кој го зголемува ризикот од 'рчење. Ако имате вишок килограми, намалувањето за 10% од телесната тежина може да ви помогне да прекинете со 'рчењето.
3. Избегнувајте алкохол и седативи. Што било предизвикува седација, како на пример таблетките за спиење или алкохолот, може да предизвика и 'рчење, зошто тие имаат тенденција да го супресираат дишењето. Ако 'рчите зашто сте се напиле алкохол или сте земале седативи за спиење, прекинете ги.
4. Инхалирајте пареа пред да си легнете. Назалната конгестија (запушување на носот) често може да биде причина за 'рчење. Обидете се да ја редуцирате конгестијата пред да си легнете со инхалирање пареа низ носот.
5. Обидете се со назален ханзапласт. Назалниот ханзапласт може да обезбеди привремено олеснување од конгестијата и да помогне во прекинот на 'рчењето. Полесно е да се дише кога ноздрите на носот се отворени, а назалниот ханзапласт токму тоа и го прави.