Рубрика: Омнибус
Саем на технологии – MAKTEK EUROASIA
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 08.10.2012 - 16:08

Вчера заврши најголемиот саемски собир во Евроазија организиран од Тујап (Tüyap), кој започна на 2. октомври. На површина од 98 000 m2 затворен простор во 12 саемски хали и 75 000 m 2 отворен простор, се претставија повеќе од 1000 фирми, од 34 земји од Европа, Азија, Северна Америка и Австралија. Саемот е посветен на технологиите и технолошките решенија од областа на металургијата и машинството: машини за обработка на метал (CNC и класични), машини за режење, CAD/CAM технологии, машини за мерења и контрола на квалитетот, заварување, греење, товарни машини, подмачкување и ладење, како и соодветните образовни, финансиски институции, стручни здруженија и стручни публикации. Одлично организираната саемска манифестација, добро средените штандови поткрепени со исклучително стручен кадар, ви овозможуваат прекрасна атмосфера за склучување бизнис-зделка. Емитер на покана на Tüyap имаше привилегија да присуствува на овој саемски собир, но бидејќи октомврискиот број веќе одеше во печат, поопширен извештај за оваа саемска манифестација ќе има во ноемврискиот број.