Intel Capital, организацијата за глобални инвестиции, спојувања и аквизиции на корпорацијата Интел го отвори овогодинешниот самит Intel Capital Global Summit со најавата за 10 инвестиции во компании со иновативна технологија. Инвестициите се наменети да им помогнат на компаниите да се надоградуваат што само го зајакнува мотивот на вториот ден од самитот кој се фокусира на подобрување на компаниите. Тие изнесуваат приближно 40 милиони долари и покриваат најразлични технологии од соработка на cloud компјутерот и подобрување на дигиталната забава до поедноставување на мобилното плаќање и овозможување на нови начини за интеракција на уредите.
Инвестициите вклучуваат финансирање на: платформата за споделување на доверливи информации Box; дистрибутер на содржини за Боливуд и Јужна Азија Hungama.com; куќата за дизајнирање интегрирани струјни кола FocalTech; платформата за социјално радио Jelli; развивачот за социјални игри LIFO Interactive; мобилната платформа NewAer; платформата за електронско плаќање PagPop; провајдерот на cloud услуги Tier 3; развивачите на 3Д игри Transmension; и провајдерот на мобилен маркетинг UUCun. Не беа истакнати деталите за секоја инвестиција.
Тринаесетото издание на глобалниот самит соединува приближно 1000 претприемници финансирани од страна на Интел Капитал со управители на компании кои се наоѓаат на листата за 2000 најуспешни компании со цел да разменат идеи и да ти постават насоките за можни профитабилни партнерства и деловни зделки. Глобалниот самит има за цел вмрежување на учесниците и има агенда со презентации, панели на експерти и повеќе од 1700 целни состаноци на главни извршни директори на компании со клучни деловни личности.
„Деловните зделки се склучуваат кога Интел Капитал ги соединува членовите на глобалната мрежа со нашите иноватори,“ изјави Арвинд Содхани, претседател на Интел Капитал и извршен потпретседател на Интел. „ Нашиот глобален самит и тековните Денови на капитална технологија им овозможуваат пристап на нашите соработници до деловни личности кои донесуваат одлуки кои подоцна водат до профитабилни продажби или партнерства. Новите 10 инвестиции во иновативни компании се очекува да имаат големи придобивки од овие ресурси за зајакнување на компаниите.“