Најновите истражувања покажале дека за добар слух подоцна во животот, добро е свирењето на некој инструмент да се почне што порано во животот. Нина Краус, директор на лабораторијата за невронски мрежи при Северозападниот универзитет во Еванстон, Илиноис, вака ја објаснува причината заради која не можете да слушнете што ви зборува некој во просторија во која се мешаат многу звуци:
"Дали ќе го слушнете гласот на пријателот во гласен ресторан зависи од способноста да ги издвоите звуците од позадината од оние што за вас се релевантни. Музичарите имаат тренирано уво за раздвојување на звуците, па затоа тие многу подобро слушаат од немузичарите", вели таа.
Краус вршела испитување на 18 музичари и 19 други, на возраст меѓу 45 и 65 години возраст. Задачата на тестирање им била да распознаат говор од неразбирлива позадина во која се мешале многу звуци. Притоа, тестираните требало да кажат што слушнале и што запомниле од тоа, потоа што виделе и како и колку брзо разбрале или слушнале. Музичарите "воделе" во резултатите бидејќи нивното уво било истренирано од свирење на инструмент. Постарите испитаници во истражувањето, кои почнале да свират на 9-годишна возраст или помлади и свиреле некој инструмент константно во животот, ги победиле "немузичарите" во сите категории, освен во визуелната меморија.
Истражувањето исто така потврдило дека свирењето создало искуство во разликување на значајни од комплексни звуци, како и помнење на звучните секвенции, коешто води кон подобар слух подоцна во животот. Краус вели дека музичарите имаат развиено поголема способност да регистрираат и да распознаваат звуци. Тоа е последица на нивната постојана изложеност на звукот од нивните инструменти, на хармонија и ритам,šшто се битни за распознавање и на говорот. Притоа било утврдено дека видот на инструментот не игра голема улога.
"Најважно е на која возраст почнале да свират, како и тоа колку долго свиреле. Тоа се важните фактори, а не конкретниот инструмент или музичкиот жанр. Музичарите многу побавно го губат слухот – вели таа.
Истражувањето е објавено во списанието PLOS One.