Слоеви на магла ја прекриваат Сатурновата месечина Титан на оваа фотографија направена од Војаџер 1 во сега далечната 1980 година. Фотографијата е направена при разминување на оддалеченост од 22 000 километри и е лажно обоена за да се истакнат деталите на маглината. Горниот густ слој од аеросол на месечевите рабови се појавува обоен во портокалово. Разделувањето на слоеви на маглата се појавува на висини од 200, 375 и 500 километри над површината на Титан.