Новите сè-во-едно HP Photosmart печатачи со HP ePrint технологија, ]e im овозможат на учениците и студентите печатење од кој било уред којшто е поврзан со веб-конекција. Оваа серија уреди, исто така, на корисниците им нуди пристап за безжично печатење со Apple AirPrint ™ било од iPad ®, iPhone ® или iPod ® touch®. HP директното безжично печатење значи дека веќе нема потреба od локална Wi-Fi интернет-конекција. За студентите, исто така, e корисна и можноста за употреба на технологијата Google Cloud Print за печатење директно од нивниот мобилен уред.
Безжичната и мобилна технологија за печатење на HP e погодна за брзо печатење важни материјали од училишните и факултетските предавања или, пак, на омилените фотографии, што ги прави овие печатачи идеални за оние "школарци" со пообемен распоред na часовите.
Со можноста за автоматско двострано печатење и сертификатот ENERGY STAR ®, овие печатачи, исто така, имаат помало влијание на животната средина.
Печатачот HP Photosmart 6520 e-All-in-One кој нуди слични карактеристики и претставува совршен компактен уред, наменет, пред сè, за луѓе кои имаат потреба од скенирање, копирање и печатење слики, веб-содржини и секојдневни документи.
Уредите ќе бидат достапни од септември оваа година, со цени почнувајќи од 199 € за HP Photosmart 7520 e-All-in-One, додека цената за HP Photosmart 6520 e-All-in-One се предвидува да биде од 149 €