Црвената Планета е дом на Морски долини (Valles Marineris), најголемиот кањон во Сончевиот систем. Во овој кањон лежи понорот Јус (Ius Chasma). Оваа фотографија на која е прикажан подот на јужниот ров е направена од МРО (Mars Reconnaissance Orbiter). Кањонот е познат по неговите стратиграфски слоеви обликувани од ветер и вода.
Засеците содржат наизменични слоеви на темни и светли карпи. Слоевитите наноси се состојат од темни базалтни слоеви нанесени од вулканско потекло и светли седиментарни слоеви. Седиментите најверојатно се атмосферска прашина, песок и алувијални наслаги од стари извори на вода. Слоевите се видливи на благите падини над подот на кањонот, во дупчестите делови, како и во малите. Подот на кањонот е исшаран од траги од огромни бранови наредени во линија југ-север. Засега се мисли дека понор Јус се формирал при процес наречен браздење, при кој водата се цедела од слоевите на карпите и испарила пред да допре до дното на кањонот. Понорот Јус има и неколку структурни карактеристики, како искривувањето кон исток на нормалните засеци и гребени што го деформираат кањонот. Скорешните геоморфолошки настани вклучувале лавини и помали браздења од јазовите кои продолжуваат да ги еродираат ѕидовите на кањонот.