Според најновите истражувања, човекот не е единственото живо суштество кое може да ги распознава лицата на другите луѓе. Научниците кои се занимаваат со истражување во светот на инсектите, откриле дека осите ја имаат истата способност. Иако можеби изгледа дека досадниот и опасен рој трага по локации за да се гоштава, всушност осите меѓусебно се дружат, градат блиски пријателски односи и се однесуваат заштитнички кон пријателите, а одбранбено кон непознатите кои се закана за нивните пријатели.
За разлика од другите инсекти, осите имаат високоразвиена способност за препознавање, поради што можат да ги запаметат различните обележја на главата кај другите оси.
Новото истражување е спротивно на раширеното мислење дека инсектите имаат премногу мал мозок, кој не е доволно софистициран за да препознава, процес кој подразбира обработка на голем број информации.
Студијата исто така покажала дека осите подобро ги паметат припадниците на својот вид отколку другите инсекти, предмети и слично. Сепак, доколку на осата и се покаже фотографија од друга позната оса, на која компјутерски е направена мала измена во изгледот, испитуваната оса имала тешкотии при идентификувањето! Научниците исто така заклучиле дека осите кои подобро ги препознаваат "лицата" на другите припаднички на ројот, полесно можат да се искачат на хиерархиската скала и се "почитувани" од другите оси во ројот.