Стопанска банка АД – Скопје, како водечка банка во иновативните, современи услуги за своите клиенти, и компаниите Интернет трговија и Инфопроект ја објавија својата стратегиска соработка, во понуда на најсовремена бизнис cloud технологија на клиентите на Банката.
Со оваа соработка, корпоративните клиенти на Стопанска банка АД – Скопје ќе можат, под многу поволни услови, да склучат договор за користење на СкС (Софтвер како Сервис) услугите на Интернет трговија и Инфопроект. За оние кои ќе пристапат, услугите ќе бидат бесплатни за користење до крајот на 2013 година (се наплаќа само еднократен трошок за инсталирање).
Постојат повеќе пакети и нивоа на услуги при што се опфатени потребите на сите видови компании (микро, мали, средни и големи). Ваквата достапност на интегрирано решение базирано врз најсовремена информатичка технологија, за македонските компании претставува шанса за подобрување на нивните деловни перформанси и конкурентност. Со пакетот Бизнис Тотал на македонските компании за прв пат им е достапно интегрирано решение за електронска трговија и деловно работење, базирано на СкС (Софтвер како Сервис) технологија, која овозможува најголема флексибилност и ефикасност во работењето.
Поради големите придобивки за работењето на компаниите коцептот СкС е главен светски тренд во информатичката технологија, а според извештајот на аналитичката куќа Гартнер (http://www.wired.com/cloudline/2012/07/cloud-silver-lining/), пазарот на СкС и „Cloud“ решенија забележува раст од 17% годишно, и се јавува како двигател на развојот за целата ИТ индустрија.
Повеќе информации можат да се добијат на веб-сајтот http://biznis.tc.mk, од каде што директно може да се склучи договор за користење, како и на веб страницата на Стопанска банка АД – Скопје www.stb.com.mk.